строго турско, јако без зрно шеќер! Секогаш после јадење, т.е. 2 пати дневно. И ретко некогаш Jacobs ICE 3in1, со ладна вода и мраз, ама ова само на гладно насабајле, кога нема да доручкувам. млеко и кафе неможам, на пример НЕСС или макијато, ме боли после желудник
строго турско јако без грам шеќер, 2 пати на ден после јадење. и ретко некогаш наместо доручек- Јакобс Ајс, 3 во 1
Не пијам многу често кафе, но кога пијам преферирам нескафе. Понекогаш знае и да ме фати мерак за турско кафе, но тоа е многу ретко.
Нескафе!!Пола шеќер,едно лажиче нес и попарено со вода До скоро пиев турско без шеќер но ми се згади веќе незнам зашто,па сега нес.
Кога ќе станам од спиење Нес топло (зошто го правам за една минута во микро, ме мрзи да чекам за турско да ми зоврие вода), а во 6 часот попладне, турско !
Наутро пијам јако турско кафе, строго, изладено да е. Не знам зошто ама топло не ми е убаво. Во текот на денот некогаш се случува и да не пијам второ кафе, ама ако пијам тоа е ладно нескафе со многу млеко и лед
Се навикнав секое утро да пијам горко турско, без трошка шеќер. Сакам да уживам во горчината на кафето, а и поубаво се расонувам од горкото. Ретко пијам кафе повеќе пати во денот, ама не можам да одбијам ладно нес со мноогу шлаг и чоколаден прелив.
Првото, утринско мора да е турско, без шеќер.Додека живеев во Италија, ми праќаа и по секоја цена морав да го имам.Друго ништо не ми недостасуваше,ама турско кафе ... Понатаму,во текот на денот пијам по некое макијато. Единствено не пијам нескафе,опасно ме стресува.Изгледа дека мојот организам не го поднесува.