Турско, попладне, лезетски по дома Нескафе, или со друштво, ладно уз некој трач, или домче топло со некое добро книгиче Макијато, кога нема друго Горко кафе, си минимум шеќер. И минимум млеко. Дома или го правам со вода или пола пола. Несакам кога кафето ми мириса на млеко. Истото и со капучино и топло чоколадо... Не љубам еспресо
Дефинитивно наутро црно македонско кафе, наше е го вариме не сакам млеко и такви ствари Ама што кафе пиев пред некој ден кај пријателка мхмхмхмхмхм значи инстант кафе мелено, со соино млеко и малу цимет, убавина. акога сум излезена ептен кратко и екстра стронг еспресо или еКспресо како што некои милуваат да си кажат
Наутро не функциониорам ако не се напијам еден филџан голем турско кафе,средно.Кога сум излезена нескафе нешто така.Али дома денот не ми врви без да се напијма барем два пати труско кафе.
Утрото го започнувам со голем филџан турско кафе без шеќер.Исто обожавам да го пијам несот 3 во 1 али стронг а кога сум излезена мн ретко пијам кафе а доколку решам да се напијам тогаш макијато преферирам, се разбира и тоа без шеќер.
Порано во кафик многу пиев ладно макијато. Па имаше еден период од 2 години кога не пиев кафе, не ми правеше кеф, а сега пијам ладно благо фрапе, и турско чат пат по дома
Нес кафе кога сум в град, а кога одам кај баба ми гледам таа пие, мајка ми пие, сите пијат, и јас скришно в кујна ќе си мавнам на екс едно турско
Уф уживам во кафето. Секакво го сакам, не го пребирам И со 300 преливи, шлагови го сакам, а и чисто онака турско
Па дома ретко пијам кафе, ако некои гости дојдат што не се имаме видено одамна или кога сакам мама да ми гледа на кафе пијам едно турско Онака за разонода. Во петок обично одиме 6-7 другарки во кафич по школските часови и пијам ладно нескафе , ако не порачам сокче или палачинка. Повеќе би сакала палачинка наместо нескафе , ама ај да не сум само јас со сокче или палачинка. Нека е кафе си велам.
Jacobs, пошто од кога го пробав неможев да се вратам на нескафе. Турско многу ретко, по гости или кога нема од првово А ако имам потреба од кофеин попладне - капучино, зашто ќе се превртувам до утре, нема шанси да заспијам. Правилово се прекршува на велико за време колоквиумска
Не пијам многу, освен по потреба и тоа секогаш е чисто нескафе. Без шеќер, млеко не доаѓа во предвид.