Турско кафе слабо пијам, освен ако ме послужат некаде на гости. Инаку најчесто си пијам инстант кафе, без шеќер и со млекце, а исто така многу сакам и филтер кафе, исто без шеќер и со мноогу млеко. И капучино сакам понекогаш, ама не толку често. А во кафич најчесто пијам макијато големо
Само турско, друго не признавам како кафе. Не ми влијае никако, не ми праи мерак, башка ако е со млеко...блјак. Вака посабајлечки, филџанот пред пц, па едно саат време мерачки си пивуцкам и си читам весници по нет
Турско горко иако во последно време поретко го пијам. Нес кафе преферирам кога сум во кафич, а макијао поретко.
Јас пијам нескафе наутро и понекогаш може да ми се случи пак да пијам попладне но вообичаено пијам само наутро.
Исклучиво турско и еспресо и тоа без шекер. Не сакам додатоци во кафето сакам јако и чисто кафенце, but you never know what future holds
Од сабајле турско или не функционирам и за на одмор обавезно турско си зимам,2ро кафе ретко пијам во текот на денот
Капучино, ладен нес, топол нес или Инкафе кое ми е омилено (ако некој не го знае, кафе во гранули е, ама е послабо, има два типа, со 30 и 50 проценти кафе во составот, а останатиот процент се репка, цикорија и слични состојки).