Не сум голем љубител на кафе , го пијам само по потреба , кога ќе треба да дремам цела вечер пред книга или кога главата ми е на пат да ми експлодира . А пијам капучино и нескафе , тоа повеќе можам да го сварам .
Ух...ма секакво кафе пијам. Преку зима најчесто дома пијам турско а во кафиќи топло макијато или топло нес. А летово и дома и надвор пијам нес.ретко кога некое топло пијам. И да, го сакам кафето
Дома скоро секој ден пијам турско или нескафе. Некогаш наутро со татко ми филтер пиеме, а за викенди кога е тој во фазон, после ручек ни прави експресо(кое не можам да го поднесам-многу ми е јако). А на кафе кога одам, во најголем број случаи пијам нескафе или макијато мало.
Секакво, само не турско. Додуша највеќе сакам ладно нескафе, со млеко. Тоа го шмукам. Незнам јас полека да пијам. Исто капичино и какао.
Јас пијам нескафе (класик) со 2 лажички шекер (и топло и ладно) , а капучино со една лажичка. Турско не пијам (освен со другарки кога гледаме). Тоа можам да го пијам било какво.
Капучино, турско и нескафе! Нескафето го обожавам посебно коа ке ми го направи другарка ми. Преубаво нес ми прави!