Турско не пијам,освен ако не се собереме другарки па да си гледаме.Во секој случај најомилено ми е нескафе и тоа ладно.Чат пат ми текнува и капучино да пијам ( само од чоколадо) ама несот ми е незаменлив
До пред некое време претежно пиев турско, со ептен малку шеќер, колку да не е без ич. Нескафе ретко пиев. А во последно време не знам што ми стана, само нес пијам, ладно и многу ми е убаво
Нес, домашно, со една лажичка шеќер, ладно и со пена Во кафич дури нескафето не ми прави ќеиф од што многу добро си го правам самата дома. Затоа нарачувам макијато
Никогаш не ми се правел некој кејф од кафе, така да многу ретко пијам. А кога пијам тоа е или Нескафе или ладно макијато.
Не пијам турско кафе не знам зошто ич не ми е убаво може да се деси онака во друштво да испијам а тоа се дешава 2 пати во годината. Пијам капучино и нес обавезно
Откако почнаа жештините,само ладно нес. Турското е мое омилено утринско кафе,ама на жешково ќе треба да го пијам ладно,а такво ми смета подоцна. Јако утринско нес,со неколку коцки лед,и утрото може да започне
Капучино или Нес, друго во уста не ставам. Турското ми е одвратно, не можам да го пијам, експресоно ретко и ми мириса некако , макијато не ми е по мерак. Капучиното со млеко го правам (може и со вода ако нема млеко) и со 2 лажици шеќер, може и повеќе некат , нес-от исто. Капучиното повеќе по дома го пијам, нес-от во кафичи. Секако дома ако нема капучино нема да ми текне да купам и не ни имам некоја потреба од него, единствено кога учам а ми се спие од нес 3 во 1 класик имам потреба. Иначе вака да не можам да функционирам без кафе не сум до толку.