Порано самоо турско , најслатко ми беше ..башка во друштво со мама Сега сама не ми се праи мерак да си сварам , а и без цигара не ми иде Па затоа капучино си пијам ,колку ради реда ..не го ни допивам без врска Деновиве после месеци си сварив турско кафенце , мерак плус и цигарче ах
Било какво само да е кафе, да е со кафеава, потемна или посветла боја, и да нагорчнува малку Се шалам, секакво кафе доаѓа во предвид, турско, еспресо, капучино, макијато, мокачино, латте, фрапе.... само да е јако и со малку сладникав вкус, не премногу
Порано кафето го пиев ради реда само за да си гледаме со другарките а сега без кафе неможам ден да започнам првото кафе мора да ми е турско а после тоа може било какво
сеедно какво е кафе си е кафе а јас љубител на кафе така да не одбивам дали е нес турско 3во1 итн не е битно важно кафе е
аман има некој друг како мене шо среде нок пие кафе ? некогаш ми се случува да заспијам вака навечер се разбудам си сварам кафе она од досада и пак одма заспијам сите ми се чудат демек после кафето неможеле да спијат
Сигурно има Е јас ти се чудам не како можеш да заспиеш од кафе тука како може да се разбудиш навечер и да посакаш кафе да пиеш и пак да си легнеш Сакам првото кафе да ми е турско(глупава навика) а после 3 во 1,макијато,нес...