Без шеќер. Не можам да поднесам шеќер во кафе. Кога си правам нескафе, или нешто што не е кесичка или макијато тогаш не ставам млеко затоа што не ми е вкусно така. Турско пијам средно или горко, меѓутоа одамна немам пиено. Порано ни беше како школски пијалок, сега одбирам макијато кога веќе морам да пијам кафе.
Благо. Какво и да е, турско, нескафе, со 2-3 лажици шеќер сигурно има во него, на татко ми сум истерана и јас, тој можи со 3-4 го пие
Не знаев во која тема да го ставам прашањево, па нека биде тука (или нека оди во друга тема). Кој вид на кафе е најздраво? (во смисла турско, капучино, еспресо, макијато, нескафе итн.) Или пак информација за тоа кое кафе за што е препорачливо. Пример: турско + лимон за главоболка. Не сум сретнала подетален податок, а ме интересира.
Инстант или филтер кафе. Со вештачки засладувач и млеко. Неколку пати на ден. Дури и навечер пијам, што да правам, го ОБОЖАВАМ вкусот на кафе, ама тогаш настојувам да е безкофеинско!
Јас веќе подолг период наутро се будам со Нескафе 2во1.Има некоја специвична арома која ми се допаѓа многу.Инаку кога сум излезена преферирам капучино со пена и цимет.
Турско не сакам во никој случај. Дури се чудам на оние што пијат, мене во краен случај а тоа е мнооогу ретко. Кога морам, дали за да останам будна да учам а немам Нес, исто и за главоболка доста помага. Ама и тогаш со сила го пијам и ми се гади. Вака од кафиња пијам многу само капучино и Нескафе.