преферирам нес кафе 3во1, макијато, или ладно нес кафе... кога немам избор пијам турско а сега сум на турско,и баш го навикнав, поради постот
Најчесто пијам нес кафе 3ин1 стронг или експресо.Турско пијам само кога морам,односно кога ќе ме понудат некаде на гости
Мислам дека нема разлика. Во кафичот каде што работев пред неколку години, во менито беше ставено Нес кафе (за топло) и Нес Фрапе (за ладно). Мислам дека и самиот збор фрапе означува ладно кафе. Иначе преферирам турско за со друштво, а сама ако сум почесто пијам чај.
Во Нес Ладно мене ми ставаат шлаг, и денес реков Нес Ладно ама без шлаг и келнерот ми се изнасмеа во лице и отиде накај шанкот и на шанкерката и вика Нес Ладно без шлаг а какво е тоа незнам..
Турско без шеќер, после јадење тоа. Инаку од сабајле ретко некогаш знам и 3 во 1 да се напијам. Инаку капучина, кафе со вкус, нескафиња- мнооогу ретко, не ги сакам воопшто
Турско без шеќер во голема шолја како за чај, за наутро, за тргне денот убаво. а за попладне, или претпладне Лето- ладен нес (фрапе) без млеко и без шеќер, матено Зима- топол нес, со минимум млеко, без шеќер (без млеко ептен ми е блуткаво). Обично не скам додатоци од типот шлаг, чоколаден прелив и нз какви кафе аксесорис....за мене тоа би било десерт Не сакам еспресо...
Секакво кафе пијам само да е горко...посебно ми прави мерак оноа што е од кафемат(јас го викам холандско),тоа во Холандија и останатите земји го пијат со шеќер и млеко,но мене ми е највкусно горко
Терминот меѓу 15 - 16 часот ми е резервиран за ладно во лето, а на зима топло нес кафе . Со малку шеќер, без прелив... И во текот на денот уште две турски кафиња.