Најчесто пијам турско и инстант али се случува и некогаш набрзинка и нес да си напраам. А вака по кафиња кога ќе седнам макијато.
Во принцип не пијам многу кафе,дома воопшто не пијам,но на гости пијам турско и нес ако имаат,а во кафичи макијато и нес.
Утринско турско и сама го подготвувам.Никој не може да ми го направи такво какво што го сакам.Инстант-кафиња не пијам.Премногу ми се јаки
Преку целата година турско без шеќер додека во лето и ладен нес со млеко, две лажички шеќер, чоколаден прелив и мнооооогу лед
Сакам да прашам, имам 15 години и до 15тата не пиев воопшто турско кафе онака само нес и капучино и сега нагло почнав да пијам турско значи неможам без него опсесија..3/4 пати на ден пијам и тоа на 3/4 саати. Дали е лошо? Кои проблеми би можела да си ги предизвикам? Дали треба да намалам со кафето? Дали слабее или дебелее? По колку на ден е за мене дозволено и на колку саати? И дали правам штета што го пијам наеднаш? Се извинувам што малку сум офф топик
Не дека е штетно ама пробај да ја намалиш количината, барем на едно-две кафиња. На тие години не е на арно толку многу кафе за твојот организам. Може да предизвика покачување на крвниот притисок, нарушувања во спиењето како и дамки на забите. И тоа што го пиеш одеднаш гледај да не ти стане навика, да не му дојде како шок на организмот.