Турското кафе е кралица. За расонување и убав почеток на денот - само турско кафе, ништо друго не ми го заменува. Од еспресото ми се суши грлото и ми го качува притисокот (ме напнува некако...) и затоа не го пијам никогаш, само тогаш кога ете баш морам (ми го направиле оти немало друго или слично). Макијато големо со многу шеќер е мојот избор кога пијам некаде во кафич кафе. Нес пијам многу ретко, оти често не ми го погодуваат па ми личи на блага вода или пена. Но, го сакам кога е убаво подготвено. По дома секогаш турско и понекогаш од оние капсулите на нескафе од апаратчињата (магионичари за кафе )) ) , ама периодично ми е тоа.

Не преферирам да пијам кафе ич.Го пијам само кога имам могу за учење и не треба да спијам, си правам капучино тогаш.А турското ми е гадно, не го можам.
Ладно нес, стрикно кај Brooklyn Bar - City Mall За турско кафе, досега по кафичи најдоброто сум го пиел во Наргиле во стара чаршија услугата малку им е спора но вреди да се чека за кафето
Турско кога треба да се освежам малце, а за повеќе уживање сакам лате и нексафе. На факс ако сум обавезно пијам од кафемат со вкус на ванила, преубаво е!
Турско благо со млеко. - Дома На кафе - Големо макијато со ладно млеко. На работа - Ладно макијато со чоколаден прелив
Нескафе сакам да пијам, ладно со мраз и чоколаден прелив, но не секаде по кафичите го подготвуваат убаво, особено кога ставаат шеќер нерастопен така на дното на чашата. Макијато по кафичите ист вкус има, не ми е многу убаво, користат робуста во смесата(многу ефтино, неквалитетно кафе, со многу кофеин во него). Освен во еден кафич каде има и кафе арабика со повеќе ароми (на орев,женшен, чоколадо, 100% арабика) тие ми се омилени. На факултет пошто нема друго, морам од кафемат кое е многу грдо, не е од нескафе или illy. Дома си пијам најчесто турско кафе, секогаш сакам да пробам различно, но омилени ми се грнд де лукс, кафе паскалин голд. Некогаш си правам макиато или еспресо дома, со еспресо машина, како и нескафе долче густо машината која ја купив пред неколку недели, кафето е одлично на вкус, користи само капсули кафе специјални за оваа машина, скапи се капсулите, но си пијам различни кафиња, така што не ги давам сите пари на овие капсули. Кафето е поубаво и побогато во вкусот доколку ги содржи најдобрите сорти на кафе арабика, ако имате мелница па да можите да си сомелите во моментот кога сакате да го пијате, или ако го купите вакумирано и го чувате во кутии за кафе, каде ќе се задржи аромата. Кафето е убаво кога ќе ги разбуди рецепторите за вкус, мирис, аромата, слаткоста и горчината во исто време. Најубаво е кога го пиете во друштво, знаете она кафе-муабет Го обожавам и не можам без него.