Турско. Го обожавам. Го пијам појако, со една и пол лажичка кафе и пола шеќер. Во текот на денот, преферирам да испијам 2-3 турски, а понекогаш пијам и нескафе. Но, не можам да си го замислам денот без турско. Не знам зошто, но ниедно друго кафе не можам да го пијам со толку мерак како турското.
Нескафе со шлагови, чоколадни преливи и многу пена. И разни десертни кафиња. Исто, во последно време пијам макијато ама мноогу засладено. Турско ретко пијам, само за концентрација ми е пред некој тест/испрашување, и понекогаш за атер на другарка со цигарче.
Секој ден (освен петок) наутро пијам нескафе со малку млеко, во петок наутро пијам турско кафе. Поручек или нес или турско. Значи најчесто пијам две кафиња дневно, а кога имам некоја обврска и треба да ја поминам будна (кога имам испит) бројот на кафињата достигнува и до 4-5
Обожавам да пијам ладно нескафе, но кога треба да учам пијам турско бидејќи повеќе ми делува врз енергијата и ме расонува
Еј здраво, почесто варам турско кафе онака како што секој вари го ставам кафето во вода и го варам но денес испробав нешто друго малце затоплив вода на кафемат и потоа тргнав настрана ставив лажиче кафе и повторно назад на кафематот (сега ми требаше неколку секунди) потоа се дигна почна да клокоти и тргнав. Си го испив кафето но ме фана страв да не е во ред така?
Пијам само нес или капучино кога сум излезена ии треба да учам цела вечер.Најгрдите вечери дефинитивно. Незнам само дали јас сум единствена која не го поднесува турското кафе?Ми горчи, колку и да му ставам шеќер и млеко ми е прегрдо.
Средно турско или ладно нес. Знам да се напијам и 3 во 1 или 2 во 1 понекогаш, а и филтер кафето ми се допаѓа многу. Сепак турско кафе наутро ми е незаменливо.