Додека не се напијам појако турско кафе наутро, нема шанси да се расонам, џабе е да се напијам и 3во1, нес итн. Многу сакам и нес, кога си доаѓам од работа после ручек обавезно си правам.
Секакво, обожавам кафе, можам цел ден да пијам и да не ми пречи за спиење послето. Ладно нес ми е омилено, ама ако не се напијам бар еднаш турско исто како да не сум пиела никакво кафе.
Баш никакво! Не знам зошто имам огромна одбивност кон кафе, а и доколку се напијам веднаш ми се тресат раце нозе срце лупа ааабе шоо .Затоа многу ретко пијам капучино. Нели тоа најслабо е, ако спаѓа воопшто во кафе и тоа слабо си го правам и така...
Ги има ли пробано некој овие кафиња, сакам да купам ама незнам дали се убави, а и имаше повеке Премиум, Голд, Милд... некој искуство од нив
Може да помине ден и воопшто да не се напијам кафе... А инаку сакам едно нематено ладно нес да си го испијам натенане
Исклучиво турско гранд ми е омилено, не сакам нес, и останати кафиња ми се вештачки некако, ако не се напијам турско, денот не ми е убав