2 во 1 Нескафе и тоа веднаш после станување. Во текот на денот уште еднаш. Знам понекогаш и турско да си сварам, ама тоа обично ми оди после јадење. Во кафич секогаш големо макијато нарачувам. Сите овие - строго без шеќер.
Кафе пијам многу ретко, не сум зависник. Турско не пијам воопшто, понекогаш само може да се напијам Нес кафе
Преферирам да не пијам кафе. Некогаш кога ќе излезам во кафуле тогаш се случува да пијам нескафе или макијато, но кофеинот не ми делува добро.
Секакво.Сакам јаки кафиња и затоа најчесто пијам еспресо,сакам кога е жешко времето да се напијам нескафе со мнооогу мраз и млеко.Во последно време ретко пијам турско кафе некако не ме фаќа иштав
Кога сум дома преферирам нескафе frappe. А кога сум излезена по кафичи најчесто пијам макијато или еспресо.