Горко. Турско, макијато, инстант, матено, нематено, лате, фредо... Само да има кофеин и да е горко. Од инстант кафињата Нескафе ми е најгрдо.
Јако турско. Првото кафе сабајле го правам во шолја за чај, со две пооооолни лажици кафе и две рамни лажици кафен шеќер. Второто и третото најчесто ги правам горки. Во кафиќ долго еспресо или чешко. Кафе со млеко не сакам, освен нес во домашни услови кога го прави дечко ми, со чоколаден прелив и шлаг одозгора.
Исклучиво турско, јако, без шеќер и непревриено, со кајмак. Кафе за мерак за срце да ти се залепи. Нес многу ретко обично кога сме излезени и чат пат голтка, две крадам од мм тој пак се нес пие.