Турско, јако со рамна лажичка црн шеќер, и нес 2 во 1 без шеќер. Многу го сакам и нес 3 во 1, повеќе е кремаст, но е многу благо па веќе и го оставив. Би сакала нешто измеѓу 2 и 3 во 1, пошто едното е без шеќер, а другото е шербет
Не сум мн по кафиња. Ако пијам, сакам турско, горко и изладено. А на пр. позната ми е италијанската кафе рутина, но не ја практикувам.
Порано многу пиев турско. Па се свртив кон несот, ама претерував и пиев по 10-11 чаши кафе на ден. Среќа за кратко време ја прекинав таквата навика. Сега пијам поретко (нес или макијато, најмногу три чаши неделно), а повеќе сум на чај, салеп, какао.
Препорачајте некое добро капучино или макијато за растворање во вода. Ми треба за на работа. И од каде да го купам?
Турско насабајле обавезно, а низ текот на денот нескафе топло само кафе кафеав шеќер и малце млеко. Ако сум надвор знам да се напијам макијато иако го избегнувам у последно време. Имам и декаф дома ама ретко го пијам