кога сум на кафе најчесто обожавам ладно макијато може и топло макијато и нескафе, кога сум дома пијам турско, кафе 3 во 1
Никакво. И највкусно подготвеното кафе е просек, не сфаќам како има луѓе навлечени на кафе. Порадо ќе пијам чоколадно млеко, или кока-кола или чај кофеински/безкофеински....
Најубаво кафе ми е направено со еспресо апарат/машина како овие од кафичите, дома ретко правам иако имам еспресо апарат за со капсули сепак не е тоа тоа, ретко и купувам капсули баш коа ми се пие немам дома.
Пошо нема тема само за кафе, ај тука ќе си прашам. Го има некој пробано ова: Од истантниве кафиња ни едно друго не ми се допаднало освен Нес и Јакобс. Гледам ова италијанско некое со жичка на вкус на чоколадо, можда не е лошо?
Ова за три кафиња или за едно? Не мораш да одговориш но ми дојде јако. Турско паскалин Нескафе Макијато
Турско кафе и капучино пиев пред да дознаам дека сум бремена. Сега ќе паузирам некое време од пиење кафе.
Кафеџики ајде помош Поради здравствени причини не смеам да пијам кафе со млеко Во кафич нели се пие нес капучино макијато и се тоа е со млеко, побарав макијато без млеко ми донесе американо(така го кажа, го немаат сите кафичи) и во друг кафич кажав макијато без млеко и ми вика па еспресо и ми донесе два прста кафе јако отров и не беше како другите што ги пиев Чаре за кафе во кафич без млеко а да не е еспресо? Предлози?
Па микајато без млеко е еспресо де. Пробај ладно еспресо, може нема да ти биде толку јако Или турско кафе ако прават некаде Илиии нес без млеко Ама во глобала сите кафиња без млеко се појаки
Макијато без млеко не постои. Убаво ти кажале. Пробај фредо еспресо(ама и тоа е со млечна пена, не знам колку не смееш млеко), тоа не е толку јако. Или турско ако пиеш. Можеш и инстант црно. Нема кафе што не е јако а е без млеко или кример. Дома какво си го правиш без млеко?
Па јас еднаш реков макијато без млеко и келнерот доаѓа вика вашето американо хахаха и тоа беше полна чаша и не беше како еспресото Иначе дома една лажица нес и вода
Епа инстант кафе нарачај. Тоа е најблиску до описов. И никако не нарачувај макијато без млеко, тоа е исто како да кажеш чизбургер без кашкавал. Ти се смеат од страна, најозбилно, најдобронамерно ова.