Турско најчесто пијам.Тоа кога сум дома или идам кај некој на гости. Инаку кога излегувам "на кафе" пијам макијато или ладен нес.
Исклучиво ладно Nescafe Gold ... да не испадне дека се фалам ама летово може да се рече дека станав експерт за правење Nescafe, усовршив повеќе различни рецепти и начини на подготовка... ај стварно да не се фалам - кој пробал знае
Најслатко кафе ми е турското ...али во друштво со мојто SpoiledBaby секакво кафе ми е слатко кога има за што да си се муабетеме
Кафе не конзумирам а посебно турско-нема шанси,еден братучед ми свари турско и неможам да ви опишам какво беше да имаше сол место шеќер ќе почувствував,беше без вкус абе никакво... и оттогаш реков НЕ на турско а нес кафе, макијато може
Турско насабајле, макијато после ручек! Едното од навика и за будење, а другото како десерт и за дружба!
Без кафе денот не можам да си го започнам. Најчесто си пијам турско и го обожавам особено кога ми пага концентрација и треба да останам будна и да учам по цели ноки. Инаку во кафич најчесто пијам нес и поретко макјато и парено кафе
Леле аман, не викајте турско кафе, македонско е тоа. А инаку пијам македонско горко или пак еспресо, исто без шеќер.
не сум голем љубител на кафе, може да се напијам едно каквои да е и после 10 тина дена дури друго, затоа што ме боли стомакот од него, па ми држи повеќ едно кафе дури 10 дена
една лажичка нескафе, една лажичка капучино, две лажички млеко во прав, и малце цимет, попарено со вода...преубаво, може изгледа комплицирано, ама вреди! Секое утро со колегите пиеме вакво добро, не со колачиња ама слично на ова Инаку и турско си обожавам...без шеќер