Идеава за темава ми дојде, од еден муабет што го правев денес со моја другарка. Нешто мабетот беше, ја реков бонбонче за нејзината ќеркичка а она ми возврати со тоа како се чудела дека такво убаво бебе излегло од неа, и како размислувала за неа уште пред да се породи. А јас и реков дека тоа воопшто не е чудно, бидејќи и јас која не сум бремена па си размислувам какво ли ќе биде моето.Дали ќе биде слатко како и другите, дали ќе биде палаво или повлечено. Дали мн ќе плаче. Дали повеќе ќе личи на мене или на тато....и многу други работи. Дали вие тоа го размислувате, поготово трудниците, и кои ви се најчестите мисли?
охохооо можам да кажам дека цела бременост го размислував тоа дури и денот кога се пораѓав, пред да излезе од мене тоа мало човече , си бев со мислите какво ли ќе биде? На кого ли ќе личи? Здраво право ли ќе биде? И што ли уште не ми идеше на памет во тој момент, а камоли пак во текот на целата бременост
Јас па многу не мислев, си имав создадено слика за моето бебе додека бев трудна, на 4д ехо ми го покажаа фацичето негово и од тогаш си го замислував како такво само малку повеке во боја во основа знаев дека ке личи на мене, и мислев дека нема да биде многу лошо и плачливо бебе. Е сега за мојата слика за бебето ако верувате кога го се роди кога го видов беше истото бебе што го замислував, тоа го погодив, и да личе на мене е цело, нема ништо на мм што ми е многу мило, убав тој на мајка, е за карактерот не погодив многу, син ми е уште мал за да констатирам каков карактер и темперамент ке има, ама сега за сега е многу борбено бебе, да е малку поголем може и ке не тепа сите дома и да плачко е, ама ај ке му опростиме сега за сега оти е уште бебе.
xexexxexexe Ме изнасмеја senjorita.lombardi со постов ептен дека е бебе нели? Нека се здрави и живи...тоа е мора да ги тинтраме. Еве одговор на темава:првото сонценце мислев дека ќе биде црно (таква сум била бебе) и мнооогу плачливо...А кога излезе бело...бело не сте виделе такво бело(а ни јас) ептен се израдував,а беше и мирно ич не плачеше,како да немаше бебе дома срце на мама Сега за второво го мислам истото а и убедена сум дека ќе биде така.Дека ќе ми наплати и за поголемово Па нели некако мора да осетиме дека сме станале мами?
барем еднаш во денот ке помислам на тоа какво ке биде моето бебенце ,првото го замислував мирничко по природа и јас и татко му сме такви ама излезе скрос обратно -ѕверка ,а сега размислувам за второво дали ке личи на сестра и ,дали ке има таква пуцвал косичка ,мирно ли ке биде или да собирам енергија со време ако не е какви очиња ке има ехе еден куп прашалници ,и одвај чекам да го гушнам
охо и те како се мислиме и тоа секој ден дека јас и татко му сме биле мирни како бебиња си викаме нашето ке биде обратно на нас двајцата а за тоа на кого ке личи усте втората сликичка ко ми ја даде докторот некаде 20 недела мислам беше и порано можи му се гледаја очичките и ке има крупни очи како на таткому реков и ке личи на него па ке видиме само нека дојди здраво и право ( а чичко доктор нон стоп ни го слика само главчето оти му било многу интересно и дека седело многу со напрчени муцина мило на мама а ние никој немаме такви големи бузи)
И јас си размислував каква ли ке биде керка ми , си мислев дека ке има коса , со сини очи , но се погоди да има зелени , мислев дека ке биде немирно бебе , ке плаче многу , но ова обратно испадна За тоа на кој ке личи , бидејки повекето девојчиња личат на татковците , така и размислував дека ке личи и стварно сега за сега многу личи на мм кога бил мал
Мојата буцка на 4д кога ја видовме си ги покажа обравчињата на тато. Верувам дека ќе личи на мм и сакам да личи на него, со долги трепки и црни очи. Како бебе мм личел на девојче И двајцата не сакаме да ги наследи моите мали ноџиња (ама и да ги наследи да ми е жива и здрава ќе ја пратиме да тренира нешто за да и се издолжат). Како и да е, на кого и да личи знаеме дека ќе биде најгушканото и најсакано бебе на планетава
Исто и јас..нема ден а да не мислам какво ке биде иако го видов на 4Д и плус постојано го гледам на сликите што ги имам од ЦД-то и имаме констатација дека дечкото ке си личи на тато, поготово во носето .. Искрено го мислам тоа, но многу повеке поготово последниов период го мислам дали ке биде се како што треба, дали ке биде здраво.. тоа некако многу повеке го мислам.. Дури и онака понекогаш си викам што ако нешто не виделе, не приметиле или не се покажува на ехо?.. Тоа многу повеке ме загрижува а верувам и сите нас идни мамички.. За темпераментот.. и докторот ми рече а и ние си знаеме.. тешко на нас, ако биде вака како што е сега во мешето.. Изгледа моето бебе како никогаш да не спие, постојано се движи и мислам дека после порагај ке идам на операција за искривени ребра, зашто знае многу добро да си се тегне од нив Како и да е, верувам дека сите си го мислиме, и нормално е сето тоа, само нека бидат живи и здрави, па какви и да бидат, мирни, немирни, плачковци или спанковци, верувам дека ке си ги трпиме со слатки маки и ке си ги сакаме најмногу на целиот свет..
Мојата буцка исто не престанува да мрда, си ја користи мојата бешика како трамполина Навечер ме буди со мрдањето. Да ми е жива и здрава ако е таква и откако ке се роди ќе биде весело Се смеевме со другатка ми кога се породи, ќеркичката испадна цела на маж и, а од неа ги имаше само бојата на очите и малите дебелки бутчиња (дур беше бремена се молеше бебето да не ги наследи). Затоа јас сакам само да е живо и здраво на кого и да личи кога ќе расте ќе се менува
И јас постојано си ја замислувам каква ќе биде ќерка ми кога ќе се роди,па некогаш и по сто пати ги гледам сликите од ехото.
како ми се ближи терминов се повеке размислувам како ли ке е ова бебче и одвај чекам да го видам и да го прашам зошто толку многу ме боксира туку сега почна да ми мати памет една другарка ја немав видено одамна и вчера кога ме виде вика сигурен ли е докторот дека е женско ???? мн ти е поразлично носењето од првиот пат ??? слични коментари тука од блискиве леле ако утнал !!!!
Којзнае какво ќе биде моето Велат дека многу често се случува ако е машко личи на мајката, девојче на таткото. Како и да е, сигурно ќе има зелени очи, а за косата па... се молам од золва ми да ја наследи, преубава коса има (мојава права, тенка), нејзината витката, густа. Мм има црвен пигмент и исто виткана коса така да има големи шанси како Ирче да биде А за темпераментот, со оглед на тоа какви сме и јас и мм, гарант некој бунтовник без причина ќе искочи
какво ќе биде??? Па се знае најубаво бебе за секоја мајка нејзиното бебе е најубаво, а во врска со докторот дали утнал не ми се верува зашто мора да видел до сега матка и јајници на женско и тестиси на машко, како мене што ми кажа дека му се спуштени тестиси, тоа може да се згреши околу 4-5 месец а после више не. позз
да бе срцка ,ама на другарка ми до 9 ти му го гледаше докторот пачето па излезе бебто со путе а пред некој ден ја читам тука HEV и на 4д ја гледале па утнале , све е могуче
лелелеле немој молим те така ехеххееххее се купив на плаво па мани алишта не се толку скапи него количка, транспортер и креветче се на плаво е.
Обично имам приметено децата личат на тетките или на вујковците, е моето ќе нема вујко има две тетки една од кај мене една од кај маж ми, ако личи на сестра ми ќе биде најубаво