Форко ме изнасмеа таман ке се посватувавте со Локи , ајде не ме слушајте само претпоставки ми се , си ја знаат докториве работава не се сите исти
Лелее колку мислам на ова јас. Си викам ќе биде ли убаво и слатко моето бепче. После си правам споредби со родители кои можеби и не се толку убави и симпатични а имаат преубави дечиња. Дечко ми бил преубаво бебе, јас лично не се свиѓам каква сум била. Брат ми бил како од разгледница. И сеа си викам, лелее ќе имам ли среќа да е слатко. Може и делува лудо, ама не сакам да имам грдо дете.
Срцка, мене побитно ми е да има ѕвезда детето. Џабе убаво ако нема ѕвезда. Да знаеш само какви неубави дечиња знам, ама ќе те стопат од милина, и обратно, убави ама немили, одбивни. Како и да е, во врска со изгледот твоето за тебе секогаш ќе биде најубаво П.С. Знаеш мене што многу ме плаши? Малиот на золва ми личи на свекор ми и некако откако е родено многу потсеќа на еден мој колега во цртите, кој е малку..така..специфичен, сите го зафркаваат во фирма, не можам да најдам збор да го опишам и се плашам да не ми личи на него детето
Абе јас знам дека мене ќе ми биде најубаво... Ама шо знам ете некад знам некоја тешка глупост да помислам. Сакам деца многу, сите ми се мили, а не па утре моето. И јас и дечко ми едвај го чекаме тој ден.
Хахаха се изнасмеав со постов Јас мислам и дека нема жена на светот која не си го замислува своето бебе. Јас постојано си мислам какво ли ќе биде, на кого ќе личи, па каква коса ќе има, какви очиња... Само да не личи на свекорот, не го обожавам ич и не би сакала секој пат кога и да го погледнам синко да ме асоцира на него
епа добро...среќа сеуште важат теориите дека синчињата личат на мама или на вујковците, а ќеркичките на татица....или грешам...?
хаха, сега носам девојчица, ...ама баш ништо немам против да личи на мене.....напротив...., само очињата на тато да ги земе....
I jas sum za toa,ocinjata i usteto na tato,a drugoto na mene Mnogu sakam neli?! Epa ke sakam mojta kerka da e lepotica,najnormalno
САМО ЕДНО ДЕТЕ Е НАЈУБАВО НА СВЕТОТ!!!!!!!!! ................И СЕКОЈА МАЈКА ГО ИМА!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
јас сум исплашена дека моето ќе има големи уши како дедому на мм И баш така си го замислувам бидејќи еднаш свекрвами на шала го тропна тоа и јас така си го врзав тоа у крпче што ме фаќа страв дури! Белким нема да бидам таков баксуз
Ќе биде виткано темна коса како мене (тоа сигурно) со дебели образи (како и секое дете) И се надевам дека би имало зелени очи како дечко ми...
Еххх кој ли не посмислува на тоа мало лиценце...Најважно е само да здраво и живо.А за другото како сака нека биде...НО сите нели си го замислуваме...јас триста филмови си направив, што сакам да има мое,што на маж ми, ама секако посакував на мене да личи...се роди нашата Лана,ИСТА како маж ми. Сите тоа ми го зборат,дека ич не личела на мене, ама мала е,ќе се смени .Шала на страна најубавите размислувања во бременоста се баш за изгледот на бебето. А кога првпат ќе го видиш,ќе го осетиш и ќе го помирисаш веќе не ти е ни важно на кого личи...и одма после првиот поглед ќе си го препознаеш детето меѓу 100 други...Убавини
Леле јас пак колку ли размислував за тоа какво ќе биде моето бебе? Оф оф оф секој ден си мислев какво ќе биде на кој ќе личи, ќе има ли се што треба и уште 100 такви глупости и кога се роди и го видов лелее се стопив цела и си викам-зарем јас ова суштество најмило го направив??? Боженствено е, прекрасно, најубаво, најмило на свет ах ах кога се сетам и искрено личеше на татко му повеќе отколку на мене ама до крајот на денот се смени , сега повеќе е на мене Иначе сите велат дека синовите секогаш личат на мајките, а ќерките на татковците па ќе видиме со тек на растење дали ќе се смени и на кого ќе личи уствари
И јас се надевам дека кај мене ќе биде по ова правило Плус и по сликите од 4Д се си мислам дека исто како мене ќе е. Само сакам да ги има очите на татко му...зеленки
Семејството на мажот ми сите се со плави очи, кај мене јас и дедоми со зелени другите кафеави. Па мислам дека синко ќе ми биде со плави очиња и ќе личи на татко му. Јас и мажот ми сме плави сигурно и тоа ќе биде такво со ептен светла коса. Немам трпение да си го видам и запознаам.
Јас за првото искрена да бидам не очекував толку совршено да го родам, мислев ке биде некое слабичко, дека и јас и мм сме двајцата штркчиња очекував слабо бебе, со црна коса.. а родив бебе со две влакна и тие му паднаа и беше кељавко бебе (денес има 2год и е смеѓ), буцкасто беше како да кркало хамбургери во стомак, имаше дебело газе, бутови, меше, образи кои се растекуваа Е сега второво па едвај чекам да видам дали ке биде слично со него или сосема различно бебе, мислам дека ке биде исто буце и слично во ликот, особено ако е стварно машко.. мислам би биле ептен слични, незнам зашто така
Цело време го замислувам Сакам да личи на мм, поубав е од мене има поубави црти За носот утврдивме дека е мојот, се гледаше од авион Викаат дека машките повеќе личат на мајките. И сите што ги споредив од мојава околина , стварно машкиве на мамите личат