Хм, во последно време знам и асално да си издремам едно саат време легната на грб, чисто да го ставам мозокот на пасење во тотална тишина. Медитирање, тоа ми е хоби. Многу сакам да читам (иако веќе месец и кусур сум заглавена со една здодевна книга и никако да ја довршам за да им се препуштам на останатите кои ме чекаат). Порано ми беше хоби балетот, сега сум сеуште во потрага по нешто интересно каде би можела да се реализирам на ова поле на овие години Сепак дома знам да натегнам џез балетанките и да си вежбам, чисто онака за свој ќејф. Сакам да седнам на кафе сама и да пишувам проза. Да претворам мисли во букви. Гледање филмови и неколкучасовно нивно анализирање. Фотографирање на филм - е тоа е нешто што ме исполнува, смирува, инспирира.
Најголем дел од слободното време го користам да прочитам некоја добра книга. Штом заврши испитна или колоквиумска недела, одам во книжара или библиотека и си земам некоја книга што ми ја препорачале. Сакам да пишувам, да цртам, да фотографирам и да работам се што бара голема доза на креативност. Кога е топло времето шетам со кутрето или се возам и сум девојката со точакот
многу сакам да танцувам тоа ми е една од неостварените желби понекогаш играм ракомет и редовно одам на фитнес недела понекогаш и пешачам
Нервирам луѓе околу мене, најчесто дечко ми И книги сакам, поезија обожавам да читам а понекогаш и пишувам.
Слушам музика, пребарувам на интернет некои рандом информации што ми текнат во моментот, гледам Fox Live, спортувам, пеам
Епа, на прво место би ги ставила книгите.. обожавам да читам некои стварно добри книги! Исто така, ако некогаш имам некоја инспирација пишувам (повеќе проза), а хоби исто ми е пишувањето дневник. Понекогаш сакам да се релаксирам на компјутер или со музика, а на телевизорот имаме неколку мелодии за релаксирање, па често ги пуштам и се релаксирам без друга галама
Читање. Од време на време се случува да седнам и напишам нешто, но сега ретко се случува тоа, порано почесто обрнував внимание на пишување поезија. Фемина никако да не ја изоставам, особено во последно време. Сликав, но...спласна желбата и за тоа. Шминката е секогаш тука, како и египтологијата која не знам дали можам да ја сметам како хоби. Постојано нешто листам, гледам, читам во врска со неа. И јогата, како нешто незаменливо.
Па во слободно време најчесто читам некоја книга, или го преуредувам плакарот, шкафот за книги итн. И да, сега кога е потопло играм кошарка.
Сакам повеќе работи. Уживам во возење ролерки (во зима задолжително на лизгалиште) и прошетка низ паркот или маало заедно со моето куче, сакам да прочитам по некоја интересна книга. Музиката ме опушта и често имам вишок енергија па знам и да се разиграм низ дома Сакам да разлистам некое добро списание, не зборувам за жолтиот печат (од озборувања преку глава), а интересните и поучни статии си ги ставам во посебна папка Водам дневник, најчесто таму ги искажуваам поопширно скриените чувства и мисли, дали во стих или проза... Сакам да фотографирам и ме инспирираат секојдневни работи. Уште да имав повеќе слободно време
Па...Читање,пливање по лето,запознавање нови луѓе,правење накит по распустот,учење нови работи.сурфање на нет(фемина )
гледање цртани/анимирани филмови (по милион пати) и рачна изработка на накит и превезоци од фимо глина! Уште па двете одеднаш- совршена комбинација лек за нервоза и досада !!!