Најново ми е одгледување растенија, цвеќиња. Се опседнав со нив, цело време на гугл читам како да ги одгледувам, па и на јт видеа само за тоа гледам. Ме релаксира тоа.
Кафенце, цигара, благо, грицки и цртани, приказни или филмче тинејџерско. Знаам да уживам Ради тоа постанав и кафехолик умивам да си направам кафе макар и да не го испијам а може и сокче, чајче. Истото и на работа го практикувам имам доста паузи
Го проучуваш однесувањето на криминалците и зошто доаѓа до извршување на некои дела? Кое за тебе претставува морално "наноправдано" кривично дело?
Шо знам... кривично дело, е кривично дело. Можам да ги разберам сечии мотиви, ама не оправдувам морално ништо, освен самоодбрана, или некој гладен да укради храна... вака оф-хенд шо ми текнува
Баш така, кражба на храна за да се задоволат сопствените потреби можеби треба да има друга санкција која ќе го ресоцијализира извршителот
Ни фали квалитетна социјална политика Ќе се ресоцијализира, кога ќе има доволно сретства да може да си ги покрива животните трошоци. Социјалната помош е смешка на векот.