Спанко, едно прашање до тебе, од каде ја купуваш фимо глината, јас имам видено во книжара ама многу е скапа, и тоа мали парчиња а прескапи.
Колку празно се чувствувам кога ќе се сетам дека она што ме исполнуваше веќе немам можност да го „работам“. Зборувам за хорско пеење. Одев добри 8 години на хор.... веќе не. Заминувањето од Охрид си го направи своето, за жал... еех Сега како хоби единствено ми остана пеењето во придружба на јутуб, повременото спортување (од секаков вид) и секако читањето за кое секогаш има време и место.
Читање и пишување. Онака уживам кога имам прекрасни инспиративни моменти и кога се ќе испишам, дали во форма на расказ или песна. Порано многу сакав да пеам и имав убав глас, но со текот на времето го запоставив пеењето па сега некако гласот ми е зарѓан но кога ќе ми текне и најчесто кога сум сама ќе се распеам низ дома, во придружба на чичо јутуб, исто како Хипи. Ах, и како го заборавив најважното. Боксот. Исто како и пишувањето, за боксот живеам. Уживам кога тренирам, еве веќе некое време собирам пари за да си купам боксерски ракавици. И иако сега ми е само хоби, покрај противењето на моите, јас во иднина планирам посериозно во боксот, ама ќе видиме.
за жал скапа е! 130 денари едно пакетче од 50-60гр, најверојатно и на истото место и ти си видела зошто само за едно знам во Скопје! Ама цените горе-доле секаде се исти во белград кога бев за 10 пакетчиња со мал попуст испадна 115-120 ден едно... не е некоја голема разлика
Хоби ми е цртање, исто во слободно време сакам да изработувам накит укравчиња, а најмногу ме опушта копкање по форумов
Јас уживам во изработка на накит, тоа ми е некој вид хоби. Пишува разни текстови, дали смислени, дали автобиографски.. ама така си го исполнувам времето.
Секакво! Правам се што ми е интересно и продуктивно ,на свој начин. -Спорт во домашен амбиент (Орбитрек и сите хоуммејд текшиња и сваштанциии) -Ролерки -Велосипедизам -Цртање -Читање книги и списанија,секако -Пишувам поезија и по некое романче ,зависно од инспирација -Си креирам гардероба и накит -Го шетам кучето секоја вечер -Понекогаш плетам на чингелајче
Сакам да пишувам, инспирација добивам од секојдневието, од тоа што ми се случува и ме опкружува. Често пишувам поезија и тоа ме исполнува, убаво се чувствувам откако ќе напишам нешто, тоа за мене претставува вентил и можам да ги искажам сите чувства, без ограничувања.
Сега кога е лето немам обврски со училиштето..кога сум сама дома...исцепувам музика до најсилно и ко луда се мавам низ цела куќа..но можам да кажам дека тоа мое таканаречено хоби навистина многу ме опушта
Покер на FB во слободно време педикир и маникир си правам,а на моето вистинско хоби т.е пеењето и цртането,не посветувам време Можеби во иднина...
Хоби ми е да пејам и да танцувам низ дома како луда Кога имам слободно време читам книги. А најголемо хоби ми е да изучувам јазици, многу ги сакам, сега го учам италијанскиот Истотака сакам многу да пливам и да возам велосипед
Јас пробав многу пати да водам дневник ама немам што интересно да пишувам па сега кога имам нешто што неможам некому да се "пожалам" си пишувам во еден тефтер. Исто и некои поубави соништа си ги запишувам веднаш кога ќе станам. Слушам музика една третина од денот. Свирам гитара. Обожавам да читам книги.. Колектирам морски школки...