Хоби ми е правење накит или цртање(иако не сум нешто посебно добра), една време пишував но сега некако немам инспирација, се утепувам од читање книги......
-берење шекерчиња од кафичи -плетење, но тоа најчесто во зима -пеам, посебно кога сум сама дома, стално нешто мрморам -изработка на накит.
* слушање музика * читање книги * спиење! онака,ептен го сакам овој дел * цртање(поточно боење) * правење фотографии /сликање * шетање со саати - толку ми текнуваат
Хоби ми е сложување сложувалки,ако имате некоја...слободно донесете,веќе све недели сложувам една од 10 000 парчиња за една книжава,и сега ми плаѓаат,абе ова испаѓа јас на работа одам
Хоби ми е глумењето(актерстовото) се занимавам веќе 1 година,аматерски ништо посебно.Иначе кога имам слободно време: -цртам(несум толку добра али се тругам) -пејам -праввам фотографии\сликам
Фотографијата. За неа живеам. Живеам за звукот кога се овара леќата. Живеам за звукот од копчето за сликање. Мислам дека тоа ми е приоритет во последно време,и луѓето велат дека сум добар за почетник.
Можеби лошо, можеби не, но моето хоби е само гледање филмови, јас буквално се давам фо филмови и сереии, или некои документарки за сурвајвал, или авантуристички емисии.
Порано хоби ми беше пеењето но со текот на времето престанав да пеам и како да го снема сиот тој талент што го поседував еден период.. Уште од мала сум пишувала убаво (не е дека се фалам ама така е) ама не сум го сметала тоа како нешто што јас САКАМ да го правам иако неодамна повторно ми се разгори таа страст за пишување па напишав неколку раскази и песни.. и повторно згасна. А ни сама незнам зашто. Немам ни мотив за пишување а ни инспирација. А како сегашно и мое најголемо хоби, кое го сакам со цело срце е боксот. Еве веќе една година како сум со него и верувам дека никогаш нема да го напуштам. Знам, едноставно чувствувам длабоко во срцево дека нема да остане само на хоби и дека еден ден сево ова ќе прерасне во нешто многу поголемо..
Искрено, најискрено, јас хоби немам. Немам затоа што мразам рутини. Но, последниве две години се заминавам со актерство, но кога имам време, ништо посебно. И немам потреба од друго хоби. Немам ни премногу време за да одржувам некое хоби... .
слободното време денеска се користи 90% на фејсбук но сепак јас го избегнувам тоа .. обожавам да играм кошарка и тоа го практикувам во слободното време
Па.... и не дека имам многу слободно време но кога го имам: возам ролерки, свирам на пиано, читам книги, висам на феминчево итн итн
па... највеќе зависи од расположението кога сум ваква слободното време го трошам на живцирање, а кога сум ваква : читам книги, висам на фб, си играм со мачето или папагалот, возам точак или ролерки, идр
Продуцирам музика(углавно дабстеп/хип хоп у последно време). Играм свашта. Цртав графити порано,углавно само скечеви,само еден имам на ѕид лупнато и тој веќе го нема. Цртав и коли,сакав да бидам автодизајнер кога ќе пораснам х) Ме утепуе мрзава и губам волја за свашта,се надевам бар едно ќе ми остане.