Малце ме е срам да го кажам, но освен цртане , или четене на книга, имам и уште едно хоби-да чистам по дома Си пуштам менуар малце по силно во кујна и сум како фурија, ем пеам, ем денсам, ем миам чинии и чаши... готвам, пуштам правосмукалка, или пружам алишта, или какво и да е друго домакинско задолжение. Некако се опуштам, не мислам на ништо, просто слушам музика и телото ми се движи механички од фрижидерот до релната или од лигена до јажето на тераса .
Пеам кај стигнам. Готвам. Пишувам, што работно, тоа и одмарачки. Собирам обвивки од сапуни и стари весници (санитарен ем информативен фетишист сум ) Читање, не знам ни дали ми е хоби или начин на живот. Танцувам, слободен стил, а и танго. Си правам обетки, кога ќе ме спопадне желба, инаку не, пипава сум. Дремење на нет. Шлаење по улици и дишење гаден, инспиративен скопски воздух. Возење точак, рекреативно. Музика - од смислување тема и мелодија, до визуелизација.
Фотографирање, пишување поезија, цртање, читање, пешачење и возење велосипед (ама сега се залади времето и си го ставив во пакет за напролет)
собирам секакви слики,списанија,информации и детали околу организирање на свадби-за блиски другарки и пријателки им изработувам бонбони,китенки и други детали обожавам да шарам нокти и да шминкам, исто и од нив собирам доста слики доста пати знам да седнам и самата цртам модели на фустани (свечени,венчаници) хехе а како мала се знае детска пошта,салфетки,танирчиња....
Чистам, прередувам, преперувам, сакам домаќински работи, кога се ќе средам се лакирам, се депилирам, се мачкам со креми, па после пак беља ќе направам и пак чистам! многу ме исполнува чистењето, незнам што ќе беше ова.... а инаку сакам и јас да имам хоби како правење накит, фотографирање... но мислам дека ќе се откажам и затоа не ни почнувам.
Пишувам проза,читам книги,возам ролерки,велисипед,седам на Фемина,шетам,гледам F-tv,Серии обавезно,Фантазирам,Филозофирам,Посетувам часови по танцување и тн.. Едноставно си уживам додека можам-- на кој му се свиѓа добро, а на кој не, ми е гајле.
Слободното време го предремувам на компјутер, поточно на Фемина и Фејсбук. Хоби ми се играње (читај: глупирање) низ соба, пеење (читај: дерење) песни, пишување проза или поезија, фантазирање, кога е лето, шетање по кеј.. Немам некакво посебно хоби, кое никој го нема.
Хоби ми е цртањето. Имам изцртано 4 тетратки со цртежи Исто така глупирањето (на второ место ), и правењето накит