Eдна моја другарка се имаше заљубено во погрешен и претрпе многу бидејќи тој ја лажеше дека ја сака,све беше како во бајка и накрај испадна дека во текот на врската ја лаже и ја изневерува.Па затоа јас сакав да ја отворам оваа тема.Па аку знаете ве молам кажете ми.
Земи негова слика и оди на гледачка она ќе ти каже Се зафркавам Нема некој начин што можеш да го дознаеш тоа освен скришно ѕиркање во пораки или на фејсбук ама тоа е малку простичко. А нормално е на машки до 20 години да изневеруваат така да не сакам да те разочарувам тебе (не знам колку години си) и дугите ама поголемиот дел од машките тогаш изневеруваат. А штом тој те лаже нема да трае долго затоа што ретки се тие што можат да издржат со години да лажат. Еве јас женско сум па ми се случувало на некој 1000 пати да му кажам дека го сакам а уствари да го лажам или па некој ептен да го сакам ама да ќутам. Најубаво е уште кога ќе тргнеш со него да му го кажеш својот став околу лажењето. Добар начин да дознаеш дали те сака е и да се правиш понекогаш како да не ти е гајле дали те изневерува. Тогаш тој сакајќи да изллезе јак тип ( а плус ќе мисли и дека нема да му се налутиш) сам ќе си каже дел од тоа што го правел.
пробај да го уловиш во одредена ситуација обично тие што лажат за една ситуација имаат секогаш различна верзија
Јас мислам дека може да те излаже само ако ептен слепо му веруваш и секогаш на секое негово неможам да се видам со тебе денес ( кога е почесто тоа зборам) ти го сфаќаш аха, сигурно има работа нешто. Сакам да кажам ако си живееш во некој розев свет и секогаш од секоја негова лоша карактеристика за да се утешиш бараш розева страна. Не викам дека ако некогаш неможе да дојде со тебе дека те лаже за нешто, туку дека ќе те излаже ако ти му дозволиш. Неможе да е толку совршена врската а да он ја лажел две години Секогаш се познава барем по некое негово чудно однесување, само може ние да си идеализираме све и да не приметиме, или НЕ сакаме да приметиме и мислиме на таква работа.
Тури го на полиграф. Ако случајно тоа потфрли, секогаш можеш да му збрцаш серум на вистината у вратна артерија. Works like a charm.
Научно е докажано дека луѓето кои лажат или ГИ ШИРАТ НОЗДРИТЕ ДОДЕКА ЗБОРУВААТ или ЗЕНИЦИТЕ ВООЧЛИВО ИМ СЕ ЗГОЛЕМУВААТ. Можат дури да ги прават и двете. Доколку ова не ти помогне , направи му полиграфски тест. ЈК - Јас мислам треба малку да поработиш на тоа да почнеш да му веруваш повеќе , штом поставуваш вакви прашања значи твојата доверба кон него е на минимално ниво. Нормално е дека не би требало максимално да му веруваш , одржувај го тоа на она нормално средно ниво со резерва.
Верувај му, ама секогаш имај резерва. Не е тешко да препознаеш кога некој лаже, обично не те гледа во очи кога зборува со тебе, често ја менува темата кога ќе го прашаш нешто, цело време е со мобилниот во рака и не го остава... Значи според говорот на телото можеш да дознаеш најлесно.
јави му се еднаш од нечиј телефон и види дали потоа ке ти каже... пушти др да го заведува и види дали ке ти каже ... прави му разни тестови , но извини се потоа ако видиш дека не лажее...
ме лажеле со недели не сум знаела ама ке му спремиш изненадување еве сестра ми имаше дечко и он кажал дека отиде кај другар а он кај женска некоја многу го немаше и кога се врати сестра ми вика каде беше? Вика пукна гума па менував и сестра ми Дај рацете нема уље , дај крпа , дај гумата ? нема..... и раскина
Јас незнам како, но многу сум осетлива и брзо можам да приметам ако некој ме лаже! Секогаш сум со резерва викаат дури и кога нема потреба,но знаете како,најдобро е секогаш да бидете спремни на најлошото.Знам да уживам, но знам и емотивно да се заштитам себе! Мразам лаги,и знам кога некој лаже,кај мене е многу развиено тоа сетило,таа интуиција,и скоро да не паметам да ме изневерила Треба да научите малце повеќе за машките и нивниот свет и така ќе знаете навреме да се заштитите.
Никако...Како можеш да познаеш со сигурност дали те сака? Едноставно неможеш, има толку многу добри глумци. Ако тој решил да те лаже, така и ќе биде. Единствено решение е колку ти ќе се впууштиш во врската. Затоа уживај дур трае, но ништо не земај здраво за готово дека тоа е тоа. Не значи дека ако сте во врска, дека мора за жена да те земе.
Па ти треба најдобро да го знаеш човекот кој е до тебе. Сигурно знаеш на шо е способен и што би можело да те снајде. Иако глумци има насекаде и може да ти вети брда и планини, а позади грб ти работи нешто друго. Во денешно време не се верува ни на сопствената сенка. Но не можеш да бидеш преокупирана само со тоа, ако немаш причини да се сомневаш и да мислиш само на тоа. Само биди претпазлива.
Па се познава ако лаже, обично машките гледаат во земја и не можат eye to eye контакт да воспостават. Натерај ја другарка ти да го прашува истото на неколку денови, ако приказната има нешто изменето или додадено лаже. Може и да му го хакни фб тогаш сигурно ќе дознае ( ако треба помош за тоа слободно прашај ме мене ќе помогнам)
Како што рекле, жената може да одглуми оргазам, но мажот може да одглуми цела врска! Колку точно нели?! Мажите се чудни појави, недефинирани, јас познавам некој кога лаже многу лесно, а совет да ти дадам како незнам.. едноставно по понашањето.
Незнам како и зошто ама секогаш приметувам кога некој ме лаже Спојлер имам доста развиена интуиција Дури и да нема никакви знаци дека дечкото ме изневерува, ништо да не асоцира на тоа јас веке знам дека нешто не е во ред. Но сепак довербата е најбитна во врската, доколку ја нема се понатаму е узалуд...
Јас одсекогаш сум можела да забележам кога некој лаже, но наивноста ме натера да размислувам на "не би ме излажале, се грижат за мене и моите чувства" начин, и секако се заебував на крај. Сега, уште посилна ми е интуицијата и штом забележам лага фаќам магла во неповрат