Било каков, кој не е ужасно скап, кој е безбеден и ефикасен во потрошувачката на гориво. Целта на автомобилите е да не однесат од точка А, до точка Б. Истата функција ја имаат и тие од 15.000 евра и тие од 150.000 евра. Разликата е во алчноста на потрошувачот.
лесно прашање, барем за мене... ни голем ни мал, за да може и низ град и надвор. да не троши многу. да е секојдневен и обична марка т.е. не прескап а и да има многу од таквиот модел и марка за да е полесно за сервис и делови, и за да не го гребат револтираните (донекаде со право) кои немаат за ништо а некој зел да се кочоперчи со возило кое е колку стан или сл. а и да не е воочливо за да си на мета на крадците дека имаш па да те олеснат, најмногу политичарите кои ако знаат дека имаш ќе те рекетираат. само просек. и нормално ново возило, од фабрика. нова кола си е нова кола.