Вчера мислам дека најблиску бев да влезам во колаТА шо ја сакам, мини купер (црвен, скроз basic white bitch сум ама ептен барби вајбс ми дава, ми се чини ваква кола идеше со барбиките ко деца), упорно ме убедваа мажите во животот дека „ќе ме кошта“ или ептен ако сум сакала да ја прам плин барем. Ај за то бар ете ми рекоја имало опција да вредело, ама за фиат 500Л (исто, црвена) ми рекоја НЕМА опција како да вреди та кола, а јас сум ко: Искрено учев да возам оти ми е потреба, неќам. Не се разбирам во коли. Сакам само врм врм да прај и доста ми е. Секогаш велам, требаше да се венчам со бившиот, ќе му остаев со разводот и мојата куќа, и неговата и станот и викендицата ама колата ќе му ја земев. Би рекла и кучето ама то е веќе злобно иако е преслатко. Едино со колата негова фарбањето ќе ме кошташе пошто ију жолта???? Сериозно???? Совршената кола ја има, во грешна боја.