Првпат переш? На која програма си ги уклучила, на 95 или на 60 степени? Може и да ти била преполна машината. Ако прашокот е компакт (пишува на амбалажата) за една машина се доволни до 100г прашок. Инаку мене Ариел и Персил ми се најдобри, ама супер перат и Мерикс и Дуел. Тие ги имам испробано.
Анатх дури сега видов дека си пишала.. си ја најдов грешката, сум ставила прашок само во едната фиока ако е до тоа.. иначе перев со Savex white
Чадорче, прашок се става во двете фиоки само ако переш на програма со предперење, а за обична програма ставаш само во една фиока, најчесто средната (таа што е најголема). Ќе се научиш, не се секирај
Ај ве молам кажете ми дали первол за бели алишта можам да го користам на 95степени,оти на него пишува 30 и 60степени.Што ке се случи ако го користам за вриење на 95?
Ариел најдобар ми е, некогаш и бонукс, первол за црни и за деликатни, и ставам по малку прашак и плус топките на тиан де.
Sega koristam persil veke pola godina,a pred toa koristev ariel,ama nekako mnogu jak mi e,a za crni i sareni momentalno nila,ama pervol mi e najubav,nila zedov za proba
Досега користев Ариел, но не сум задоволна. Дамките не ги вадеше како што треба на белите алишта, а на црните им оставаше бели траги и морав после перење под вода да ги перам пак. Сакам сега да пробам со Факс. Искуство некој да сподели?
Ariel е многу јак за црни алишта ако не е оној течен.Затоа ти остава траги и на 40 степени не може да се растопи добро.А за бели пробај да не ја преполнуваш машината .Ако переш на пониска температура користи некое средство за вадење флеки. Јас перам со Фaкс бели ,ми одговара и цена и квалитет, а за црни менувам.Моментално е DEOX,
Ариел само за бели алишта. За шарени имам Персил за шарени и Первол, ги менувам. За црни моментало первол користам..
Первол за шарени, Ариел за бели. Задоволна сум. Пред тоа користев Бонукс и Персил и нема некоја разлика.
Користам Биоактив. Убаво пере, а и највеќе ми се исплати од сите други прашоци што сум ги користела. А за црни и други темни алишта користам Первол - црниот.
За бели алишта користев само Ариел.Но во последно време многу ми опадна со квалитетот.Воопшто не ми ги переше убаво алиштата,а и дамките остануваа. Сега за бели користам Персил. За шарени Первол црн. Омекнувач Ленор син или лилјаков.
За бели ариел,сега купив и за шарени ариел(течен) па сум задоволна како пере.Омекнувач Ленор плав(стандарт) За бебе-дуел сензитив прашок и дуел бебе омекнувач