1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Каков детергент за алишта користите?

Дискусија во 'Дом' започната од filli, 3 август 2011.

  1. ssweety

    ssweety Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2014
    Пораки:
    552
    Допаѓања:
    1.494
    Пол:
    Женски
    Савекс и первол и сум премногу задоволна :D
     
  2. Marina89

    Marina89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    42
    девојки на црните алишта ми останува од прашокот се познава како бело....имам пробано и со течен и џабе...незнам кај да го поставам прашањево,,,ај хелп
     
  3. NikiBastore

    NikiBastore Активен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2016
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    122
    Пол:
    Женски
    Најчесто се прават така кога машината е преполнета со алишта и останува траги
    , пробај преполови ги алиштата па повторно уклучи ја или па детергентот е јак и не може да се раствори доволно :?:
     
  4. baby-star

    baby-star Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2012
    Пораки:
    2.470
    Допаѓања:
    10.901
    Моментално користам Ариел течен и за бели и за шарени. Феноменално пере и мириса прекрасно.
     
    На LUCERKA му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Ptica90

    Ptica90 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2015
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Momentalno koristam prasak Merix i omeksivac Duel od zoltiot no ne sum zadovolna od perenjeto na alistata..Koga koga se isuseni nemaat miris na nisto. Sum koristela i drugi i prasak i omeksivac i istoto se slucuvalo. Dali mozebi e do masinata za alista ili.. ne znam sto da mislam. Inaku koga prasuvam drugi za kolku se zadovolni od omeksuvacot velat deka dolgo imaat miris po perenjeto. Sto mislite vie
     
  6. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.629
    Допаѓања:
    8.537
    Пол:
    Женски
    Може да е и до омекнувачот мене ми се има случено па уште еднаш ги пуштам на плавење,
     
  7. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    4.749
    Пол:
    Женски
    Ариел користам ама сега купив Woolite од тој розевиот, за обоени мислам дека е. Од Ариел сум ептен задоволна, алиштата мирисаат на убаво и кога ќе ги ставам за перење, а дури мирисаат на убаво и кога по неколку месеци седат исперени во шкаф. Постелнината исто така мириса на убаво се додека не ја ставам пак за перење. Исто така, Ариел беше ептен ефикасен за жолтите дамки под пазувите на белите блузи.
     
    На LUCERKA му/ѝ се допаѓа ова.
  8. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    886
    Пол:
    Женски
    Драги феминки би ве замолила за мала помош:).Јас сум тазе домаќинка и уште се адаптирам се правам по дома баш преска во др. тема кажав дека перам пеглам и ред др. работи низ дома :). Последен пат кога перев црни алишта се супер значи со первол за темни перам течен детергент е ама не знам зашто кога ќе се исперат алиштата црни како со бели дамки т.е флеки се а не ми е прв пат да перам црно ама ете сега ова ми се случи последниот пат :$.Дали ова ви се има случено и на вас и што да направам др. пат да не дојде до тоа ?
     
  9. Ptica90

    Ptica90 Активен член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2015
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    Kolku ste zadovolni od Silan violetoviot omeksivac i Pervol omeksivacot ..Se mislam koj od niv da kupam, bidejki se nekoi drugi koristam pa da smenam, poveke Duel koristm? pozz
     

    Прикачени фајлови:

  10. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.779
    Допаѓања:
    4.749
    Пол:
    Женски
    Читав неколку статии за тоа дека многу од машините за перење не ја достигаат вистинската температура при перење. На пример, некои машини кога се наместени да перат на 60 степени максималната температура која ја достигаат е 43 и слично.
    Цимерката го имаше истиот проблем со первол течен прашок од тој во темно зелено, тиркизно пакување. Ако переш црни на 40 степени можно е дека прашокот не се растворил доволно убаво, пералната не достигнала доволно висока температура за да се раствори, само ова ми доаѓа на ум, немам перено со первол, не знам друга причина зошто вака се случува, сепак течен, би требало да не прави вака. И јас црните алишта ги перам на 40 степени ама пробај нареден пат со Ариел или Woolite, јас немам никаков проблем досега.

    @Ptica90 силан омекнувачи имам користено, не знам дали беше баш овој како на сликата ама задоволна сум, не беше лош.
     
    Последна измена: 15 март 2016
    На praski4e му/ѝ се допаѓа ова.
  11. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    886
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам @WarriorAngel кога ќе го потрошам овој ќе пробам со друг течен детергент за црни алишта
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.401
    Допаѓања:
    200.953
    Пол:
    Женски
    Повремено ќе си ја пуштиш машината на вриење, без алишта внатре, да се исчисти. Ако имаш програма за самочистење, уште подобро. Од друга страна, можеби и премногу детергент ставаш, или премногу алишта има, па не можат убаво да се исплават. Обично, ако е машината до 6кг, тоа е за бели алишта на вриење, за темни алишта е макс. до 4 кг, барем така е нагласено на мојата. Освен тоа, некои материјали се такви, синтетика што тешко се пере, па остануваат флеки од детергентот. Обично тоа се случува со прашкасти детергенти, ама штом си користела течен, поверојатно е дека ти била преполна машината, па алиштата не се исплавени убаво. Некогаш и од омекнувачот знае така да има флеки, особено ако е концентрат и ако ставаш многу.
     
    На LUCERKA, praski4e и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  13. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    854
    Допаѓања:
    886
    Пол:
    Женски
    Многу ти благодарам @Annath за советот ќе ја пуштам да врти без алишта можно е да сум ставила повеќе алишта па затоа да не се исплавиле убаво :)
     
  14. 2016305

    2016305 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    јас ги користам и сум презадоволна
     
  15. Rirri

    Rirri Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    181
    Прашок ариел а омекнувач Ленор.
     
  16. ЈеленаЏиш

    ЈеленаЏиш Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    511
    Допаѓања:
    1.891
    Пол:
    Женски
    Ariel прашак за бели, Ariel ампули за шарени и црни.
    Lenor Spring омекнувач.

    Најбитно е да не се преполнува машината, така само ги кваси алиштата и лошо мирисаат.
    Научив на потешкиот начин. :)
     
  17. TheSecret

    TheSecret Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    4.629
    Допаѓања:
    8.537
    Пол:
    Женски
    Девојки имам калгон таблети и ги ставам на секое перење кога перам на 95 степени. Па глеам повеќето ја чистат со сода на вриење и си реков можам ли да ја пуштам со таблета на вриење празна? Ќе има ли ист ефект како со содата?
     
  18. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.864
    Допаѓања:
    25.304
    Пол:
    Женски
    Jas koristam bonux 3in1 ili savex prasak a omeknuvac obicno lenor ili ornel plav ama sega kupiv eden drug isto plav ama ne zapamtiv kako se vika znam podolgo imence ima i pocnuva na o :lol:
     
  19. iloveyou29

    iloveyou29 Queen of beauty

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    5.855
    Допаѓања:
    32.403
    Пол:
    Женски
    Користам персил сенситиве и преубаво мирисаат алиштата задоволна сум.
     
  20. kikin

    kikin Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    4.242
    Допаѓања:
    13.880
    Пол:
    Женски
    Здраво
    Истото ми ссе случуваше и мене и со течен и обичен прашок и приметив дека тоа најчесто е кога ставам повеќе од прашокот, па ваљда не се раствора убаво. Јас као за поубаво , лупни поголема доза прашок, али си правев полошо, да ги перам 2 пати алиштата. Пробај ставај помалку прашок (детергент), така ќе видиш дали тоа бил проблемот.
     
    На praski4e му/ѝ се допаѓа ова.