Ме интересира дали прашациве за црни алишта навистина прават голема разлика во задржување на бојата на алиштата? Никогаш не сум пробала зашто и немам толку црна гардероба, црни секогаш перам со прашак за шарени алишта.
Мене 99% од облеката ми е црна и можам да кажам дека прави разлика, тие што ми се по стари маици за по дома ги перам со обичен прашок и од перење полека почнаа да белеат, не се веќе толку црни како што биле.
И јас овој го користам одличен е, и многу убаво мириса. Плус ставам омекшивач Ленор од плавиот, одлична комбинација ми се.
И јас се зезнав со овие Јас и презадоволна сум. Само не знам колку се исплаќа. Околу 180 ден е за 20 перења отприлика. Инаку преубаво мириса. Некако на бебе. И трае мирисот Земав Персил прашкаст. Одамна немав купувано. Ама погрешив. Не е тоа што беше... Постои ли детергент кој ќе мириса доволно за да нема потреба да ставам и омекнувач. Знам дека омекнувачот е алерген и штетен ептен па ако може да го избегнам некогаш би било супер. Инаку јас омекнувач ставам само заради мирис а не за омекнување. Некако повеќе ги сакам крути алиштата