Капсулите на Ариел никогаш не мирисале. Повеќе имаат мирис капсули за перење од ДМ (не им го знам името и не потценувам).
Добро е некој како мене а јас мноогу ги користев особено од бугарија кога ги купував. Овие од кај нас не ме бендисуваат.. ќе пробам пак од БГ Имам дома едни од дм капсули, ептен имав ваучери па за да ги искористам награбав свашта во плаво пакување. Па за парите сосема ОК ми се..
Уште прв пат кога излезе Ариел, врска немаа. Зборувам за овие кај нас. Инаку, да. Пакувањето на тие од ДМ е сина боја и се сосема ок за цената.
Некој добар течен детергент да препорачате? Исто така имам слушнато дека не секој прашак/детергент е добар за секоја машина. Дали е тоа точно?
Јас користев течен прашок зошто имав слушнато дека е подобро за машината. Мислам дека во зависност кој со кого соработува па така препорачуваат кој прашок/омекнувач од која фирма да се користи. Спојлер: Ариел Течниот Ariel baby преубаво мириса, не треба омекнувач. Имам користено и Ариел обичниот и Персил. Персилот е поефтин а исто е добар. Ама откако почна малата да јаде, облеките се хаос од флеки и пак почнав да си го користам Ариел прашокот.
So koj prasok za beli alista i da sum perela i plus omeknuvac nikogas alistata ne mi mirisaat na omwknuvac. Kade gresam?
Девојки купив Lenor All in 1 pods. Како се користат? Се ставаат по една капсула за едно перење? И каде де става капсулата, дали дирекно со алиштата?
Да ги зедов и се зафркнав 280 мислам беа, ставам во алиштата пред да почни да пери машината, но не се осеќаат нешто или мислам можи грешно ги ставам??
Јас се потпалив купив и парфем капсули, гранули,и течен парфем ,ништо посебно а се израдував кога ги донесоа зошто кога доаѓаат роднини од надвор толку убаво ,долготрајно мирисаат нивните алишта.
По препорака од форумов зедов Savex течен и конечно алиштата ми мирисаат свежо. Имав голем проблем со Perwoll и Violeta претходно, многу смрдеа алиштата.