Dali nekoj go ima koristeno Denk Mit prasokot za beli alista? go ima vo zeleno pakuvanje i drugi nekoi,i dali e dobar?
Dali nekoja znae detergent ili sredstvo shto moze da izlezat mrsni damki a da ne se osteti oblekata??
Јас за бели алишта го користам АБЦ од кипер , мн убаво мириса и мене ми пере убаво иако е прилично евтин.
Мене ми е одличен, кога немам земено од Грција прашок, со тој зелениот од ДМ перам. Белите алишта со него ми се баш бели, за разлика од другиве прашоци што се продаваат кај нас.
Добро луѓе, дали ви се случило барем ко деца од странство роднини да ви дојдат и онака алиштата посебно убаво да им мирисаат? Не знам до што беше, ама тоа ми е спомен од детството кога идеа родниниве без исклучок како со парфем потурени да им беа цел куфер алиштата, така им мирисаа. Any ideas како да се постигни тој ефект (освен со орнел клминг во пумпица шо е, ќе повратам од него не го можам ) Иначе за добар прашак, мене ми е незаменлив Персил, а убаво ми пери и Виолета (шарени) и АБЦ плавиот. Бонукс да си го кажам како најлош можен досега
Omino Bianco земи, 100тина (150 можда, не памтам точно) денари е во Кам, можи и по други маркети да го има, ама за Кам сигурно знам. Јас веќе 3-4 години само тоа користам за секакви флеки. Ретко да не излези нешто со него
Прашоците и омекнувачите во странство (ЕУ), не се исти со ѓубрето што го носат кај нас. Тоа е работата. Јас од Грција купував прашоци години наназад, со пандемијава немам некој избор.
Оваа белава цртка претпоставувам од прашок е, па со пеглањето ако сум потфатила и отцртано е сеа. Можам некако да ја оправам или пиши пропало? Спојлер: Линија И друго, фармерките, особено на маж ми, мирисаат на неперено после секоја машина. Со течен и прашкаст детергент имам пробано, омекнувачи имам сменето но не можам да приметам од што е. Ги сушам на сушата за пружање дома, немам балкон и немам ел.сушата.
За линијава не знам како да те советувам. Ама со алиштата на мм исто и јас мака мачам не знам зошто ама мирисаат многу гадно после перење, како на влага некако не знам, а ги перам заедно и мојте и неговите, моите мирисаат на омекнувач а неговите многу грдо, не знам до што може да биде. Не сите, само неколку блузи, и претпоставувам дека се од некој лош материјал па затоа така мирисаат и не можат да упијат од омекнувачот. Сега следно сакам да пробам да ги ставам само тие блузи во вода со омекнувач и рачно да ги исперам да видам дали пак ќе мирисаат така.
Да, имам и јас блузи од некоја синтетика што замирисува на влага/мувла. Но ова е подруг мирис, ептен гадно што не можам дури да го опишам. И се осеќа откога ќе се исушат, кога се влажни мирисаат на омекнувач.
Прашокот мирисаше на зелено јаболко Јакна во шкаф оставена со месеци мирисаше.. Инаку плус имаат како гранули што се ставаат во машината. (wash scent booster што прогуглав) Незз дали некој има сретнато вакво нешто кај нас, ама во Америка кога перев со вакви премногу и преубаво мирисаа
Јас ова користам. Секоја мрсна дамка е извадена, исто така и дамки од калинка на бела блуза , нема ни трага! За сега сум задоволна од резултатите
До лошиот материјал е. Истото ми се случи со неколку парчиња облека, кошули и блузички од Ваикики и Пул енд беар, одвратно мирисаа кога беа суви. Ги фрлив, ги засмрдуваа и другите работи во плакарот.