Зелениот не, ама розевиот го имам користено и сеуште го користам, мене ми е сега за сега супер, не гледам некоја разлика имам користено и Факс и Мерикс и Савекс, сите ми се исти сега незнам какви се Ариел и Персил (освен капсули прашак не сум користела) во споредба со другиве, мада мислам дека прашак си е прашак, сите се акоро исти
Па да, сега незнам розевиот убаво ми мириса некако свежо на некои цветчиња, обично на крпите осеќам зашто не им ставам омекнувач, а вака за перење незнам ама мене сито исто ми перат, незнам како мириса зелениот ама би требало да е супер
Инаку женчиња сите што користите Факс да ви кажам има акција во Тинекс 7.5 кг Факс тврд прашак е за 400 денари
Да користам Факс, ама стрикно овој не, плавиот сум го земала, и уште го здмам плавиот, уште не ми е отворено имам малку од стариот Биоактив розе да го дотропам но добар е, убаво пере, но побрзај вчера во неколку маркери каде што прашав го немаше за жал на залиха, мајка ми постојано го користи Факс, убабо пере, сега не знам каков е во споредба со Ариел или Персил, ама си ја врши функцијата ❤❤
Факс е еден од најдобрите кај нас, но овој стрикно не сум го користела. Инаку, не сум љубител на овие големи амбалажи зашто што поголема тоа полош прашак внатре. Помалите кесиња се поквалитетни.
Како сте задоволни од Мери Мерино течниот сега гледам дека е на акција, па сакав да го земам ама никогаш не сум го користела
Во бубањот се става, јас прво ставам капсула, па алишта и ја пуштам, можеш да ставуш омекнувач а и не мора зависи кој капсули ги користиш, ариелот убаво мирисаат и ленорот исто така и не им ставам омекнувач, а за други како мерикс или факс знам да ставам омекнувач, ако ставаш премногу алишта односно многу алишта можеш и две капсули да ставиш на самите капсули пишува дозирање
Од сите пробани детергенти за алишта најзадоволна сум од Ариел, и прашак и течен и капсули. Користам омекнувач Ленор зелен или златен и бустер исто од Ленор. Кога перам шарени претежно користам од тие марамиците "color catcher" и навистина ми е лајф хак.
Ме интересира мислење за Denkmit течен детергент за црни алишта.Дали некоја го користела и дали е добар?