Никоја нема искуство да сподели со Биоактив? Бај д веј, ќе пробам баш со оцетот вечер па ќе ви споделам искуство.
Не бев при интермец и компљуктор Инаку јас ете со доза на резерва ставив малку омекнувач + 50мл алкохолен оцет. Ставив повеќе од вообичаено сода бикарбона во предперење и главно перење. Перев пешкири и бањарки и многу мразам кога се корави после перењето. Имам чувство дека беа доста помеки од вообичаено но не ми беа збувнати но јас ги сушам на сушалка не во машина за сушење, веројатно и затоа е така. Одсега ќе си го применувам ова со оцетот. Сакам да пробам каков е ефектот ако се стави само оцет. Ќе споделам искуство пак. Инаку перев со Биоактивот, алиштата изгледаат убаво испрани, мирисаа мноооооооогу свежо, искомбинирав со dm DenktMit розев омекшивач кој исто така прв пат го користев како и прашакот. Која свежина ја имам по патеката од купатило до балконот каде се сушат алиштата не сте свесни. Одамна не сум била вака опиена од мирис на чисти алишта. Значи ако нешто обожавам тоа се чисти и свежо испрани алишта. Ммммм.... Ајде пак ќе прашам има некоја друга искуство со Биоактивот? Прашувам зошто е многу ефтин, џак од 9кг е 460-470 денари, плус демек е 2во1 мада јас си ставив омекшивач, си ставив и сода, плус оцетот. Ќе видам како ќе пере бели, сега перев пешкири и бањарки со кремасти тонови на 60 целзиусови. Инаку прашаков го произведува Факс.
Добар си е Биоактив не му се секирај ич и мене ми се допаѓа како мириса, не знам од кој вид имаш ама јас понекогаш му крадам на свекор ми он купува портокалов и баш е ок. Јас од кога се породив за бели алишта користам Мерикс со детски сапун и многу сум задоволна. Е сега за оцетот...ставив синоќа ама перев чаршави а гледам не се вметнал и некој пешкир па не можам баш да искоментирам за мекоста ама гледам воопшто не се чуствува мирисот па ќе продолжам да ставам. Имам и едно прашање, купив сода цела кутија 500г и тоа чудо да го пробам, само сакав да се консултирам со вас дали ја ставате и кога перете со течен детергент шарени алишта или само за прашкасти детергенти и бели алишта?
^ За течниот детергент не знам да ти одговорам, пошто не користам, а инаку сода користам секој пат, без исклучок, без разлика на степени и бои на алиштата
Bozica1980 јас перам со течен детергент Nila Absolute Color кога перам понежна облека во боја или пак кошули и слично. Сода не ставам бидејќи таа служи да ја оменке водата за убаво облеката да ја испере прашакот а скопскава вода е поприлично тврда. Со течен нема потреба да ставаш сода. Барем јас не сум ставала. Ако некоја ставала нека ни каже.
Јас ставам средство против создавање бигор, секогаш кога перам, без разлика дали е со течен детергент или со прашок. Ова моево грчко е, Eureka се вика и уште нешто (не можам на грчки да напишам Еурека па не можам да најдам слика), веројатно врши работа, немам поим Јас ќе пробам ова со оцетот, ама кога ќе се вратам дома, па ќе пишам искуство
И јас користам Нила за шарени и темни алишта, додека за белите и за постелнина користам Ариел прашок - незаменлив ми е некако.. А за сода немам користено. Едно мало пакетче се става промешано со прашокот?
^ Јас ставам по околу 1 голема лажица (некогаш и малце повеќе, зависи како ќе ми се истури ) во делот за перење и предперење.
Jas go koristam Pervol tecniot prasok i toa site 3 vrsti plaviot, za sareni, crniot za potemna obleka i beliot za dolna obleka, postelnini, krpi i sl. Mnogu ubavo gi pere alistata, ima prijaten miris i ne ostava nikakvi tragi.
На сопругот му се појавија негде-негде низ телото како брумчиња, како изедено од комарец. Се сомневам дека е од прашакот, што мислите?
^ Исто му се појави и на внук ми, бебе од нецели 2 месеца, по промена на прашакот на Персил Сензитив со Дуел Сензитив. Му исчезнаа истиот момент кога се вратија на Персилот. Се` е можно, тешки хемии се тоа, не сме ни самите свесни колку
Не знам да ти кажам право....пробај, експериментирај, само да не го заебеш многу мажот ти, па после ни Вениш да не го чисти
Испадна дека иритацијата не е од детергентот ниту омекнувачот. Којзнае што беше, можеби нешто го полазило. Инаку засега сум супер задоволна од Биоактивот, супер пере навистина а и преубаво мирисаат алиштата.