Јас користам Факс, супер ми е сега за сега, а имам земено и мерикс на акција беше па ќе го пробам @VDT2906 розевите савекс се феноменални јас ги користев и долго мирисаат, исто и задоволна сум од златните ленор капсули, ама мерикс капсулите посебно тие арома терапи им се катасрофа како и факс капсулите обични, сега гледам има и розе факс па сакам да ги пробам да видам дали се добри...
Жени ај малце помош. Како правите да ви мирасаат алиштата на омекнувач и кога ќе се исушат? Ќе ги извадам од машина и се супер, убаво мириса, ама кога ќе се исушат надвор се се губи и мирисот на прашок и омекнувач. Сите комбинации на прашаци и омекнувачи се пробани и стварно многу се нервирам незнам кај грешам...
Здраво, Купив течен детергент ариел, ме интересира дали капачето се става во машина со алиштата? Нели треба да е зелено? но на детергентот капачето не е такво..
До машините е... Некои повеќе плакнат, некои помалку и затоа на некои им мирисаат алиштата, на некои не. Башка омекнувачите кај нас не чинат баш, разредени. Пробај земи Дуел (посебно жолтиот) или некој од Ленор, тие ми траат мене највеќе.
Пробај со Ленор парфимираните, пример Златен ленор тој е јак и долго трае, или другите Ленори парфимирани што се или на тие каде што има х7, х4 тие повеќе траат пример зелен (тиркиз) Ленор, розевиот, црниот Дуел бел со дијамант исто е парфимиран и трае па би требало да ти мирисаат алиштата
Со кој течен детергент Семана најмногу се осеќа? Само да не е Ариел, не ми се исплаќа . Имам пробано Нила, Савекс, Мерикс ама не сум нешто задоволна... И ми се чини порано Семаната беше многу потрајна миризбата.
Го имав истиов проблем. Последно зедов Бохор плав и алиштата мирисаат долго после перењето. Има нежен пријатен мирис, не е воопшто јак.
Најдобар прашок е БОНУКС дефинитивно. Значи толку прекрасно мириса, што не ти треба омекнувач. Персил и Ариел се само форсирање заради цената, ништо друго.