Дали сте задоволни од производите на АВС конкретно од овие до сега немам користено ништо но го фалат и прашокот, ваше искуство?
Јас користам бонукс за бели и сум презадоволна. Користев ариел ама белите ми беа како не перени жолти ..
Омекнувач користам коколино розевиот преубаво ми мирисаат алиштата. А каде можат да се најдат бонукс течните детергенти?
јас омекнувачот ама плав.преубаво мириса ако си за јаки мириси.ама како и сите омекнувачи во трајност, само на почеток...
Ленор лаванда ми е ептен фенси мирис, со некој посебен шмек. Абц плавиот го користев, ама само ден после перење мирисаат алиштата, потоа се губи.
Дами дојдов да го пофалам овој детергент Го наоѓам само во Стокомак, некои 139 денари е. Прво бев скептик дека цената е ниска за детергент 2 ипол кг, ама ми се покажа доста солиден за парите, пак би го зела
Јас ги користам двата,плус плавиот течен детергент за шарени алишта,преубави се и преубаво мирисаат алиштата подолго време.Вредат за парите.
Прашок Ариел за бели алишта и за пердиња, а Первол црвен за обоени алишта. Гичекам на акција и купувам од најголемото пакување. Омекнувачи Ленор златен и Дуел жолт, евентуално Силан виолетов. Не менувам и не испробувам нови комбинации.