Дали некој некаде го има видено прашокот Ленор ( златен)? Одмана по маркетиве не сум го забележала, а веќе со години го користам...
Каков детергент и омекнувач користите, ама стварно да мирисаат алиштата после перење. И дали некој има користено од оние гранули во бубањ што се ставаат за поголема миризба, scent booster ? Фала И заборавив да прашам, течен или прашкаст е подобро и дали стварно треба да се користат различни за бели и обоени? Јас сега купив универзален и за бели и за шарени..
Ариел користам, со Ленор златен, Дуел жолт или Виолета омекнувач. Топчињата ги имам пробано, мирисот е малку поинтензивен, но не вреди за парите бидејќи има само за неколку перења.
Факс или Персил користам за бели, зависи кој како го наоѓам на акција, а за обоени течен на Виолета или Софт земам од Стокомак. Прашкаст на обоени не ставам оти знае да остави траги и затоа го избегавам. Гранули не сум користела, многу се скапи а слушав доста дека не вредат за парите, доволно е омекнувач, а моментално ново откритие ми е Дуел baby care, преубаво ми мириса
Некој детергент што не ствара алергии? Со савекс и дуел се појавува. И исфрлив од пред некое време и омекнувач, не е до тоа
Прашок не користам прашкаст, само течен детергент Мери Мерино или оној ефтиниот од Стокомак убав ми е. Едино за бели работи на 60-90 степени ставам прашкаст каков најдам таков. Омекнувач и јас каков и да ставев немаше мирис. Дуел жолт ми го фалеа, онака беше. Коколино мириса плавиот, ама не цитрусниот, другите не се добри. Семана црните со златно и лилаково на парфем мирисаат. Тие ги купувам сега.
Omeksivac nemalo i nema da ima podobar od Bohor, uste majka mi go koristese, sega jas, fantazija miris, meki alistata preubavi.
Мери мерино 4.5л 520 ден Софтли од стокомак е 189 ден 2.8л Сега има и друг во стокомак уште поисплатлив Од омекнувачи семана е околу 270-290 ден поголемо пакување Коколино е 250
Дали сте го виделе каде се продава спрејот за пеглање алишта? Во ДМ нема во Охрид, исто на Ленор имало, но не можам да најдам