Да, и тој Ариел што го купував од Грција почна да ми ги кине алиштата. Од него е, знам оти и со други прашоци перам, од ниеден немало дупки, само од Ариел.
За шарени течен користам,најчесто Мери Мерино,перев со Персил течен,почнаа да ми смрдат алиштата од него,со овој немам таков проблем
Какви флеки? Јас користев до пред една недела савекс секаков и за шарени и зА бели, бев задоволна ептен.
Не остава траги ако ставиш диволна количина. Јас еднаш ставив малку повеќе за разлика од секогаш и имав траги на црн елек ама со влажна рака се среди одма.
Дај кажете лек за течниот на первол за шарени, значи ич не ми мирисаат на перено алиштата а само што го купив 3 литри пуштив на иста програма мои кошули неколку (на 40 степени) тие мирисаа океј, а темни алишта тренерки дуксери и на маж ми алишта од вежбање на иста програма не мирисаат воопшто,како неперени се. Можно е ради материјалот на тие за вежбање? Или на друга програма да пробам? Со прашак немав ваков проблем
Perwoll им дава лош мирис на алиштата, не само ко неперени, туку и ги усмрдува. Јас заради тоа не го користам одамна. Смени го.
Јас ги користам течните детергенти од ДМ, за таа цена супер се. Имаше еден за обоени алишта, ама не го носат веќе, или не го произведуваат, не знам. Многу ми беше погоден, и мирисаше убаво и алиштата супер ги переше, ем концентрат беше. Секаде го барав, подолго време го нема. За течни детергенти од маркет, не знам, не сум користела, едно време Савекс земав, не е лош.
Јас секако сум задоволна од ДМ па може да пробам со нивните, може ли слика да прикачиш кој го имаш користено да пробам со тој? Фала ти
Може треба да земеш Первол за спортска облека. Во Мк не бев задоволна од Первол. Тука со таков перам. Изгледа друг е квалитетот. Јас ти го препорачувам Мери Мерино. Најдобар од сите. И убаво мириса. Немаш потреба од омекнувач. Со прашкаст перам само бели алишта.
Со години го користам Первол од навика ли од што не знам, ама не сакам веќе да го користам. Савкес, Дуел, Мери Мерино добри се? Некои од тие да купам
За Мери Мерино пишав погоре. Савекс течен користев за бели. Па после тоа земав прашкаст за бели. Добар е. Дуел прашкаст користев. Оној со мирис на јоргован. И тој е ок.
Моментално овој, убав е А пред тоа А најмногу ми се допаѓа овој, ама го нема За бели алишта и за чорапи ги користам прашоците нивни, од сите сум задоволна, само штета што престанаа да носат големи пакувања.