Се зезнав со первол толку ми ги усмрде црните, катастрофа. Цело шише го фрлив. Земав од дм за црни презадоволна сум. До сега најдобар течен за црни ми е. После цел живот ариел (колор и планинска свежина) или персил, земав од дм тој за бели и тој за шарени (во прав, повеќе ги сакам) и мислам дека долго ќе се задржам на нив. Ме воодушевија. Во последно време ставам и таблетки од дм (како калгон) за водата и ја обожавам мекоста и свежината.
Црниот е еден мислам, DenkMit. 199 денари беше (не е голема амбалажа, црна) За бели зелениот со 30% зеолити прашкаст и за шарени прашкаст розе-лила кутија, ама мирисот е свеж, цветен и доста пријатен.
Даааа.. Нема некој јак мирис, ама не ми ги укисна алиштата ко перволот и останатите, одвај од перволот мирисот го тргнав, две машини што пуштив.
Исто и јас, две машини пуштив за да ги преперам, мислев до машината да не е, и сега со Дуел ок ми се, ама мајка ми пазарувала и купила Первол, уште имав од Дуелот и баш денес го потрошив, следно перење страв ме фаќа од Перволот, ама баш сакам да пробам дали го утнале и ова пакување.
За бели Факс користам и Персил, менувам меѓу овие два. Задоволна сум многу како ги вадат белите, и плус омекнувач златниот Ленор, перфекција
Ми се појавија дупчиња на две памучни кошули што ги перев со Ариел капсули, на 40 степени со 1000 центрифуга. Го опипав бубањот од внатре и не забележав ништо остро. Имам нова LG машина со предно полнење. Првата кошула ја перев со дуксер со патент, па мислев дека можеби патентот ја скинал, но втората ја перев само со други кошули. Гледам и дека во претходни објави е спомнато дека Ариел прави дупки. Дали мислите дека е од него?
Како користите течен детергент? Јас го ставив во преградата за прашок но цел истече внатре и алиштата не ми мирисаа убаво односно не беа перени убаво. Сега ставив повеќе и пак цел истече натаму, шо да праам?
Од прашокот Ариел мене ми се прават дупки на алиштата, капсули не сум користела, ама ништо чудно од нив да е. Јас го ставам во топка за детергент. Ако немаш таква и капачето од течниот детергент ќе ти заврши работа, стави го во него детергентот, стави го меѓу алиштата во бубањот. Повеќе така ќе ти заврши работа, отколку да го ставаш во фиоката.
Нема да се искрши. И со капаче сум пуштала, немало гајле. Топката е како на детергентов на сликава, одгоре е. Порано имаше кај нас Лира детергент со такви топки на капачето, оттогаш ми е, сега немам видено
Како сте задоволни од дуел со јоргован за бели алишта? Планирам со ленор виолетовиот да го користам, убав мирис дава комбинацијта. Ако може предложете ми течен прашок за црни и шарени алишта во комбинација со ленорот.