Podobar tecen detrgent od skip amin …go imase vo Zegin gi zemav poslednite zalihi edno 8 komada i toa e vekje nemaat na zaliha nikoj ne go uvezuva za zal …tolku bese dobar sto nemase potreba od nikakov omeksivac prekrasno mirisase cela kukja znaci top top nema podobar najiskreno jas majka na 5 deca sto non stop pere i sve sum koristela ariel persil tecni praskasti tabs znaci nema sansi ne se sporeduva mora da stapam vo kontakt so direkcijata na zegin za da snabdat pak da vidite sto e detrgent
Во Лидл го има, ако патуваш често надвор, може да си го земеш, јас редовно од Грција течниот го земав.
Дали имате приметено Ариел течен прашок да ви прави дупчиња на алиштата? Перев со персил до пред некое време и го сменив но како да приметувам да е од прашокот и многу се крути алиштата а е во комбинација со ленор
Здраво, мајка ми ги пере сите алишта во машина заедно, па ме интересира дали обичниве детергенти убиваат бактерии ? Што има на нашиов пазар како дезифициент, како и и на колку време се цисти масхината? Ве молам за информација, дали детергентот убива бактерии? или треба нешто плус? Барав во ДМ и рамсторе ама освен обицниве детергенти нема никакви антисептици ....ФАЛА
Здраво девојки. До сега користев Ариел прашок и сум многу задоволна. Ама за проба зедов неколку капсули исто Ариел. Е сега ме интересира за белите алишта бидејќи ги пуштам со пред перење, доволна ке биди само една капсула или да ставам прашок во едната преграда или да си перам со обичен прашок без капсула
Обичен детергент, доколку се користи на помала температура, можеби убива некои бактерии, но не дезинфицира. Па зависи облеката што ја пере мајка ти на колку степени ја става. Инаку постојат дезинфектанти за текстил, обично се додаваат во преградата за омекнувач. Едно време мислам рекламираа дека има во ДМ од нивната марка. Јас еднаш барав во ДМ, но не најдов, најверојатно го повлекле од продажба.
Update за мери мерино прашок за црни алишта - презадоволна сум. Алиштата супер испрани, не избледуваат и супер мирисаат. За шарени и бели уште го немам најдено идеалниот прашок, персил, первол, ариел, моментално дуел имав некој заостанат го користам… Планирам факс следен да пробам… Дали само јас имам 5/6 прашоци и омекнувачи и зависи од расположење таков користам?
Мери Мерино за бели е солиден, често сум го начекувла на акции во Веро. Совршен детергент (течен/прашак/капсули) за бел веш сеуште барам. За шарен и црн веш горе доле повеќето се ок.
Капсули персил користев исто и на 40 Степени остануваа нерастворени и ми правеа флеки на алиштата. Факс доста го фалат тука планирам следно да го пробам.
Исто и мене ми се случуваше со капсулите, на 40 степени кога перев шарени алишта со капсули било да користев Ариел или Персил не ми се раствараа, а и да се раствореа секогаш на алиштата забележував како мрсни флеки,најчесто со наредно перење излегуваа…понекогаш и не.
И мене капсулите некогаш не ми се раствараат убаво и ми оставаат флеки на алиштата, и морам да ги преперам. Порано го користев Саво течниот за шарени алишта.