Препорачајте ми добар детергент по можност течен за шарени алишта. Го користам Первол но би сакала да го сменам
Одличен, го обожавам. Во Скопје не го наоѓам во ДМ, мислев дека не го носат веќе, ама последно во Штип го купив. Го има, ама брзо се троши, оти им е најубав од течните детергенти. И розевиот не е лош, ама овој е најдобар.
прв пат земав течен, до сега користев капсули. Неможам да се снајдам со дозирањето, пишува за 20 перења, јас три машини полни 8кг уклучив од пола повеќе отиде, дозирав по упатството полна дозерка за една полна машина, дозерката си оде со самиот детергент.
Ова е концентрат, не се става полна дозерка. Пола или третина, зависи колку ти се валкани алиштата. Јас од ДМ нивните ги земам, тие се литар и пол за 30 перења, толку и ми траат. Никогаш не полнам цела дозерка, ќе почне машината пена да исфрла надвор.
Што стана со прашкастиот Дуел втор пат купувам прејако мириса дури гуши,убаво пере ама мирисот не се поднесува
Има, прашкаст. И големи пакувања има, во картонска кутија. Мене овој ми е супер, алиштата ми се баш бели. Има и течен за бели, ама не ми е практичен некако.
Е баш течен барав или во капсули. А оној плавиот во шише, детергент е или омекнувач? На овој мислев, која е разликата? И дали капсулите некој ги има пробано, ефикасни се како прашокот?
Првото е мирис за алишта ко што пишала @azelea , а второто е прашок за бели, ама нема големи пакувања, мириса преубаво, летоска го користев. Мислам дека беше limited edition, не го прават преку цела година, за жал. Такви мали пакувања не ми се исплатат, макар што не мора цела фиока во пералната да ја наполниш со прашок, доволно е третина, евентуално пола.