Користи ли некоја ваков, го купив ама никаде не пишува дали е за бели или шарени алишта или за секакви?
Денес на ваша препорака го земав Денк мит, и само да ви кажам дека одамна вака бели не биле алиштата. Фала што го споделивте, буквално се прерадував. Сега да ми кажете за црни и шарени добар прашок или да терам со овој за се?
Овој е за бели. Тој во љиљакова амбалажа е за шарени. За шарени ти препорачувам да земеш течен детергент.
Леле иста мака имав и јас! Од Ариел, персил, первол… хаос. Ариел дури и дупки ми правеше на алиштата Членка ми ги препорача истиве за бели (зеленово) и ова за шарени мислам дека ме спаси.
Денес го гледав и ова за шарени, ама многу бели ми се имаа насобрано. Постелнината од Ариел ми беше за никаде. Навлаките ми беа толку многу модри си мислев дека имам фарбано со некоја маица или чорапи, па кога ќе се осушеа уште полошо... Ова за шарени ќе го земам од понеделник, да средам прво со еднобојниве, да не направам сега некоја белја.
Мало е кило и нешто, околу 300 и нешто денари ја немам сметката сега ама не се става голема количина... Вреди за секој денар! Да знаеш какви ми беа модри белите алишта, сега се бебешки убави.