Добар е Мери Мерино. И не треба омекнувач. Штета што го нема во Германија. Тука за бели земав еден прашок ист како тој од ДМ, ама од друга продавница. Таа е иста како ДМ. Тој прашок е нивна марка. Многу убаво пере бели алишта. И немам потреба да купувам поскап. Од Денк Мит земав од тој во кутија. Убаво пере, ама машината не ми го земаше цел прашок. Течниот од ДМ што го постираше членката го нема тука. А сакав и тој да го пробам.
Можеби проблемот со Ариел се новиве машини што ги киснат алиштата. Порано старата машина нон стоп вртеше и примаше вода, новава машина еднаш ќе наполни и ќе врти со таа вода до плавење. Да завршам со беливе и обавезно ќе го пробам и овој за шарени. Сигурно ќе е исто добар. Мери Мерино мислев да го оставам за понатаму, ама ме замисли дека ми рече дека не треба омекнувач...
Да споделам и јас За црни почнав да го користам течниот АBC и одличен се покажа го зимам од локално продавниче ,по маркетиве го немам видено до сега,исто така и Мери Мерино добар е
Јас да прашам како тоа дозерката ја ставате во алиштата, во барабанот? За течен детергент зборувам, јас дека во фиоката го ставам... ја грешавам работава нешто? Инаку омекнувач некое време не користам воопшто, ама на прашак па ретко ми мирисаат, а сеедно која количина на прашак ја ставам. Користам Дуел, ама би го сменила за нешто бар да ми мириса на убаво, чисто. А машината ми е нова, ја немам ни цела година, некои 6-7 месеци.
Ариел течен и немаш потреба од омекнувач Скапичок е ама коа нема да купуваш омекнувач исто ти се фака Овој со сини цветови
Мајка ми има такви топки од Лира од Охис одамна, веќе не постои Лира. @CameliaMiller внатре се става во алиштата, во бубањот.
Од женскиве некоја ми спомна со капачето од течниот, па препородена сум пошто ја открив Америка. Уште не сум земала течен, се спремам за кога ќе земам одмор и кога ќе треба генералка да правам.
Не ми смета немање омекнувач, сушам во машина и си стои на неа дека не треба омекнувач. Само сакам да сфатам што е "финтата" бидејќи некогаш ми мирисаат нa прашак, некогаш на ништо. А секогаш една цела мерица ставам. Инаку и со Ариел (прашкаст) е исто, нема разлика. Ама знам дека има специјални, само не сфаќам како капачето од течниот се користи за оваа намена
Топла препорака за Савекс течниот прашак. Има и за бели, и за црни. Последно земам од овој со омекнувач внатре и супер излегуваат алиштата, пријатен мирис но не е натрапчив.