Дефинитивно персил за белата облека е перфектен, имав пробано и од другите но многу од дамките остануваа и после перењето, многу од детергентите мирисаат убаво но за отстранување на дамки ич не ги бидува, за темни алишта користам течен детергент Персил, Нила или Первол, а понекогаш кога можам купувам Рекс но кај нас во МК го нема.
Најискрено, мајка ми купува кога има попуст на некој, дали е Тајд, Факс, Персил, Ариел. Обично во големите вреќи-нели поекономично. Сите се ок, до сега не се покажал некој детергент како лош.
Ќе може ли да ми кажете од каде го имате купено Глос течниот детергент, бидејќи го немам сретнато во поголемите маркети - Веро, Рамстор...
Cesto gi menuvam,nekako site mi se gore dole isti,taka da ne se vrzuvam za nekoja marka.Sakam da go probam Nila,slusam pofalni zborovi za nego,pa da vidime!
Persil sensitive најчесто за бели алишта и за шаренки на ќерка ми, за црни користам Первол за црни и за волнени користам исто Первол.
За нас Ariel со омекнувач Ornel белиот за бели алишта, за шарени Woolite црвен, а за син ми Faks senzitive и Chicco омекнувач за бели и Perwoll плавиот за шарени.
Жени почнувајќи од Бонукс па се со Персил и Ариел до сега ни еден не ги вади флеките и не ми ги пери убаво белите алишта,а на шарените остануваат флеките.Што е работата не знам ,значи алиштата не се бели туку се кремави дури и накај жолто мава.Единствен прашак кој што убаво ги переше е Гонг(барем мислам дека така се викаше) ,но него не можам да го најдам подолго време низ маркетите.Первол не сум го пробала,а гледам доста го фалите,па ај ќе го пробам него па белки ќе има позитивен афект.
Провери дали машината исправно работи.Можно е машината да не ја достигнува саканата температура.Мајстор нека ја провери работата на греачите.
Бели алишта АРИЕЛ во комбинација со 'содабикербона' ЦРНИВЕ СО PERWOOL и задоволна сум иНАку и ја го пробав рецептот со отцетот супер е алиштата се меки
Општи прашања Дајте предлог за некој добар прашок за перење алишта,само има еден услов,да не прави алергии.Имам преосетлива кожа и дури и Persil Sensitive ми прави алергии.Истотака да нема јак мирис! Благодарам однапред!
Општи прашања Чаре подобро нема од Персил сенситив (сите се горе -доле хемикалија ама ај бирекла дека овој е најблаг) освен да ги ставас на плавење уште еднаш од кога ќе се исперат,така правев и за ќерками кога беше бебче ради предустрожност
Препорака за добар течен детергент? Освен овие нила? Да трае подолго мирисот? Имам две колешки на факултет абе од километар им мирисаат алиштата на убаво, а не е парфем, се осеќа дека од алиштата е, само срам ми е да ги прашам