И јас ова го среќавам сè почесто и исто, не ми е јасно како сосе капаче се става во барабанот. Искрено и ми нема ич логика, секако ќе си го повлече машината горе од фиоките за детергент. Ниту се извадиле алиштата досега недоиспрани, ниту пак се без мирис, не сфаќам која е разликата, ако воопшто ја има. Го користам течниот Савекс што го пофалила Сноу. Супер ми е, задоволна сум. Ни омекнувач треба, ни ништо. Од класичен прашок, исто Савекс, овој: Преубаво мирисаат алиштата и кога се испрани само со прашок. Нежно, ненападно. Со класичен прашок користам омекнувач секогаш, најчесто Семана плав или Ленор плав. Овој прашок во комбинација со Семана плавиот омекнувач ми е фантазија.
@CameliaMiller најверојатно кога ставаш помалку алишта мирисаат повеќе. Или пак ти мирисаат кога ставаш од прашок купен од странство, а од мк не.
Сеуште не најдов идеален за шарени алишта. Од кој сте најзадоволни? Сменив неколку ама некако не се задржувам многу на еден.. На почеток бев од Первол циклама бев задоволна, сега многу го скапнаа и не ми вреди искрено за тие пари. 1000 ден мислам дека 3 л беше. Не знам како ама јас за 10 тина дена немам ни капка од течните, затоа барам нешто поефтино а сепак да е убаво.
Го ставив вчера со обоени, со намера дека можеби ќе помогне во отстранување на некои флеки од дезодоранс, дури и го нанесов директно на флеките, но не видов резултат. Исто како со обичен течен детергент. Ти претпоставувам си задоволна штом го користиш само него?
Јас сум задоволна А за флеки од дезодоранс ке мораш со сапун дирекно на флеката да постое Сапун од дм
Презадоволна од Savex color течниот-единствено од него алиштата ми мирисаат и после сушење во сушара. За бели алишта зелениот прашкаст од ДМ е закон.