Мислам дека има ист ваков прашок и за шарени алишта, во виолетова кеса беше ако добро помнам. Дали некоја го користела да каже каков е?
И јас како да го имам видено, ама го немам пробано. Навикната сум со течен да перам шарени, ама ако е добар и овој, би пробала зошто да не. Ако некоја го користи и е задоволна нека пише
Јас го имам лилавиот прашкаст за шарени и да ви кажам преубав е и преубаво пере од течните многу поубаво.
Да бидам искрена порано тие дозерките за прашок многу ги полнев, ама си направив проблем, па многу пенеше додека се переа алиштата и почна да тече од машината. Па сега ја полнам 60% со облека во барабанот и ставам прашок од око, со такви дозерки за прашок, дали 30% ќе наполнам. По убаво ми се перат така алиштата и не ми останува прашок залепен на нив како тогаш кога ставав премн прашок.
Дали знаете неотворен прашок или детергент,омекнувач може да му се случи нешто? Ако го чувам пример во соба неотворен на темно
Нема ништо да му се случи. Машината и сите работи во шпајз ми стојат а вратата од шпајзот е скоро секогаш отворена, а шпајзот е до кујната и дневната.