Во моментов за шарени го користам на Виолета, за црни мери мерлино а за бели зелениот прашак од ДМ. Го користев и едно време за шарени од ДМ но некако ми се здосади. Вака дури и поефтино ми доаѓа бидејќи го зимам големото шише на Виолета и доста трае
Го бива Мери Мерино за црни? Уште тој ми остана непробан од детергентите за црни алишта. Моментално имам Denkmit од ДМ и онака е, што знам, просечен. Первол ми беше поубав, има ептен разлика во ефектот ама не ми се свиѓа мирисот на Первол. Овој од ДМ поубаво ми мириса.
Дали сте го користеле и дали сте задоволни? На дм го користам со години, ама моментално овој ми се виде финансиски исплатлив и го земав…
Јас МериМерино еве веќе цела година го користам и сум многу задоволен. Убаво мириса и често го земам на промоции од Веро.
Супер, фала што сподели. Го видов во летокот на Зур, ќе биде на акција, па се мислам да му дадам шанса. Ќе пишам како ќе ми се допадне.
Одличен е Мери за црни. Јас на ананас ги начекав лани за пресмешна цена околу 300 ден и 4 земав уште имам баш убаво и пере и мириса. Перволот ми ги умириса сите црни алишта, отпосле ги преперував со сода оцет и со прашок, па на јако сонце да ги сушам за да ги одмирисам.. Ужас. Инаку и мери за шарени е ок ама за тие на 40..за на 60 и јаки флеки не ми се виде добар.. Јас од жито земав големо пакување некој течен прашок Perfekte Wasche, продавачкана го изнафали го имате пробано? Ми мириса скроз исто ко Ариел.
Јас тие ги перам(пешкири и постелнини) со програма за бели, исто на 60°. Долна облека и чорапи зависи бојата.
Веќе ти одговориле членовите, но ќе се надоврзам. Го користев и јас Первол но многу ми мирисаа алиштата после тоа. Ариел дел ми ги скина, ги направи со мали дупчиња. Ги користев долго време од Денкмит за шарени (плаво шише) и за црни (течни), а зелениот (прашок) џа бели. После некое време ми здосади од течните и реков да сменам. Го земав мери од препорачжка на форумов и искрено е еден од подобрите за црни. За шарени во моментов не би го променила Виолета. Но за бели останав на тој од ДМ и мислам дека никогаш нема да го сменам.
Dali nekoj znae kade mozhe da se kupi Biljana prashakot, vo pakovanje od 3kg za mashinsko perenje. Do pred nekoe vreme go imashe vo Ramstore. Odlichno pere, osobeno beli alishta
Ништо не им е, јас секогаш на 60 степени ги перам шарените алишта. Црните не ми избледеле никогаш, нити боите се нешто посебно сменети.
Што знам мислам нема потреба од толку степени и онака не се нешто екстра валкани. А бактериите со овие новиве машини и на 30° се уништуваат. Јас 60° за бели користам, 90° не ни употребувам.
Нема врска машината со тоа на која температура переш. На 30 степени не се уништуваат ни бактерии, ни вируси, каква сака нека е машината. Нема шанси од децава да перам на 30 степени, се валкаат тие, не дека седат ко принцови дома и во школо. Моите алишта може не се валкаат толку, ама пак си перам на 60 степени. И на 90 степени редовно си перам, постелнина, крпи, и секако скоро сите бели алишта. Плус, 90 степени е добро за машината, како дополнителна дезинфекција.