Од ДМ, Денк Мит, предобар. Има слика горе. Белите алишта се екстра бели, дури и на ниски температури.
Колку го купувате прашоков? Јас до сега само на ариел сум користела, и доста долго ми трае, па да знам кога ќе го потрошам да го пробам овој.
од 279-299ден мислам беше последниот пат кога го купив пред некој ден. И јас овој го користам и мајка ми и свекрва ми купувам само ми го нарачуваат,они немаат Дм кај нив. Ако не можам да купам исто бели и со Савекс перам и многу е подобар од персил или ариел ,а поевтин.
Само јас сеуште не. Ама кога ќе одам во дм обавезно ќе го земам, кај нас нема дм и затоа сеуште не сум го купила.
Јас почнав одамна да користам Нила за сите алишта, предходно користев Ариел ама ништо посебно за парите според мене. Первол користев за црни пред години ама толку чуден мирис оставаше што го баталив. Е сега гледам овде сите ДенкМит го фалите па ќе го пробам него за бели.
Јаа факс го користам во последно и многу ми се погоди, а гледам по коментари, скоро никој нема напишано да го користи
Јас го користев до неодамна, имав земено поголемо пакување од КАМ и доста долго време ми траеше - се презаситив, па одлучив да сменам.
Јас не знам зошто за Савекс имав мислење дека не се добри и немам пробано од нив ништо. Кога ќе одам во ДМ дефинитивно ќе го пробам другиот. Последно земав и капсули на Ариел жива катастрофа. Не се ефтини а не ми се раствораат, кога видам по алишта размачкано ми се темни.
Исто, ама баш исто искуство имам и јас за овие прашоци, којзнае што ни праќаат за наш пазар овде.Летоска бев во Германија и земав од таму ариел и нема врска со ова тука што се продава. А за Савекс и јас така мислев,ама предобар е, позитивно ме изненади.
Таму многу поубави се сите детергенти. Фрош од таму и овој не ми е исти. Од Германија ми вади сите флеки овој тука не. Ништо не е исто. Може и Савекс да го пробам, на син ми чорапите од тенис и фудбал се сите обележани, џабе што претходно се на рака отперувам.
Пред да преминам на ДенкМит, и јас го користев Савекс. За бели има еден со сино на ќесата, мислам дека пишува whites, така нешто. А за алишта во боја, го користам Савекс фреш и не планирам да сменам. Некогаш и бели перам со него, мирисот му е фантазија, реално не му ни треба омекнувач. Има и течен, супер ми се покажа и тој, но го преферирам класичниот. Омилен ми е во комбинација со Семана плавиот омекнувач, нема подобра спојка мислам.
Не знам дали сте приметиле од Денкмит зелениов прашок за бели, има два вида. Тој мало пакување што е, е феноменален и нема поголемо од него. Има и во кутија поголемо пакување, од 5 кг, ама на него пишува класик и врска нема со првиов. Првиот повеќе од година го користам и стварно е одличен, вториов еднаш го купив и баш е онака мех, како персил (а персил не пере ништо посебно)
Може си го земала тој за шарени алишта, во виолетова кутија, не е ист како тој за бели. Јас го користам за шарени, супер ми ги пере, вади и флеки. А тој за бели, ист ми е, дали големото пакување, дали малото, не сум забележала разлика. Иначе јас купувам мали пакувања од прашок за бели што е limited edition, последно имав од тој sea breeze што пишуваше на него, со морска ѕвезда на слика. Супер ми мириса, пак треба да го купам, ако го начекам.
И јас сум фан на Савекс . Моментално ги користам зелените и виолетовите капсули со виолетовиот омекнувач, а пред некој ден земав некој нов од портокал. Пробај го зелениот омекнувач со бела орхидеја, најдобар ми е заедно со синиот.
Чекам да ми се потроши отвореното шише омекнувач, па да преминам на зелениот Семана. Не сум ги пробала Савекс капсулите, некако се одвикнав од капсули. Се раствораат убаво? Претходно користев Ариел капсули за шарени, ама почна да не се топи убаво кесичката, а секогаш на ист програм перев и ми се смачи од нив лани, преминав на Савекс прашокот.