Не знам дали е прашањето за тука но како перете перници и дали воопшто ги ставате во машина? Јас до сега два пати пробав но двата пати не ми ги исцеди на 40 степени ставив само прашкаст ариел. Дали е до програмата или?
Не не, и двата се за бели. Тој во картонска кутија зелениот пишува класик, а има ист зелен од 2 кг во ќеса и пишува премиум. Големиот е 600 ден за 5 кг, а малиов 300 за 2 кг мислам беше и дефинитивно е многу подобар.
Следен пат ке пробам така, исто на 1000 вртежи ама на 40 степени јас ја пуштив. На која програма, за постелнина така?
Не сум имала до сега проблем со капсулите, супер ми се и многу практични. Најдобар ми беше течниот со лилави линии, ама брзо го трошам пошто немам контрола и не ми се исплаќа баш .
Баш ме заинтересира и еве навистина имало различни. И јас го користам овај во картонска кутија ама наредно ке земам од овај премиум.
И јас не сум приметила дека има разлика во називот, освен што од лани летото во ДМ ја гледам и купувам само зеленава кесичка каде што пишува премиум Претходно другата амбалажа на кеса ја купував… а големата кутија не сум ја пробала
Да прашам има ли поголем прашок во ДМ овој за бели? Мм ми донесе тој од 1. 350 што е, видел малечко па зел две. Јас мислев од 5 кг е не знам зошто. Рече немало поголем ама да се осигурам. Ако е тоа најголемо тогаш по 5 треба да земам нема кај нас ДМ.
Има, во картонска кутија, има слика погоре, пишува за 80 перења, ама еве велат дека не бил истиот, јас не забележувам разлика. Земам и мал и голем, исто ми пере. Работата е што во големо пакување може повеќе влага да фаќа и да згрутчува, па да не се раствора убаво и заради тоа да не пере убаво, јас затоа купувам мали пакувања. А искрено, и ретко сум начекала големо пакување од тој за бели алишта, почесто има од тој за шарени.
Претпоставувам… и другата кеса сум ја користела, всушност тој беше прв. Во кутија сеуште го немам пробано
Ариел убаво ги пере белите алишта, но многу ги оштетува, а зелениот од ДМ следно планирам да го испробам - конечно . За шарени секогаш купувам различни течни детергенти Нила, Савекс, Мери мерино, Перос од Кипер, ама од никој не сум нешто посебно задоволна. Од кој течен детергент за шарени алишта сте задоволни?
Некоја членка да каже што ги има користено и Савекс и ДенкМит кој е подобар? Ми треба исклучиво за бели алишта, и која ознака има гледам различни типови од Савекс има премиум, за бели, концентриран и сл.. и кој од ДенкМит гледам наназад различни се постирани. Порано користев само Ариел но кај нас сметам дека не е оригинал, дома добивме алергиска кашлица и откако прекинав во ред е се. Користам сега Нила но сакам да земам за бели некој од овие два
Помеѓу Савекс premium white и ДенкМит за бели, го бирам ДенкМит. Ги вади баш баш бели алиштата, немаат никаков подтон кога ги вадиш од машина. Савексот за бели е солиден навистина, ама не колку овој другиов.
Од кој течен детергент за црни алишта сте задоволни? Го користев овој на Первол ама некако ич не ми мирисаат убаво алиштата после перење и сакам да сменам. Секоја препорака е добредојдена.