Од овој первол ми смрдеа алиштата страшно, години веќе не го користам. Земи некој друг течен, кој било освен овој. Јас користам Нила може има и подобар ама за разлика од первол фантазија е
И јас за црни го користам течниот ДенкМит. Не е лош навистина, ама нема ист ефект како Первол. Следен пат би му дала шанса на Мери Мерино, многу често е фален, па се надевам ќе го биде.
Мене па не ми беше кој знае што. Веќе некое време сум на Савекс капсули, ги ставам во чорап за да се растворат убаво и ок ми се.
Денес во ДМ го барав на денкмит за црни алишта ама немаше. Купив Виолета најмногу ми се допадна како мирисаше, ќе видиме како ќе се покаже со алиштава.
се перам со денкминт, овде ги открив од форумов и за црни имам и за шарени и за бели прашкаст, за децата перам со персил сензитив, исто савексот е добар
Баш сега листав и го видов. Ќе земам се надевам ќе бидат океј. За бебе и јас перам со фрош сега за сега иако не вади нешто многу флеки. За црни значи добар е денк мит..
Персил повеќе нема да ми текне да земам, ниту пак од оние течните гелни капсули не ми се раствораат а убави беа. За бели по препорака од овде го земав тој од ДМ. Супер е , штета што порано не го земав, колку чорапи завршија во канта што од флеки не се испраа од спортот на синко.
Да прашам има ли некоја финта да се осеќа омекнувачот во комбинација со прашокот за бели од ДМ? Сменив 2,3 и омекнувачот воопшто не мириса, можеби има некоја цака. Дури и да не мириса не планирам да го сменам, некни дете во игротека, таму секогаш се на чорапи, светли чорапи станаа катран црни со овој прашок како нови излегоа. Мислев дека се за фрлање и не верував дека ќе се исперат.